Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Финансискиот план на МАПАС за 2026 го помина собранискиот комисиски филтер

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска едногласно ги изгласа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска едногласно ги изгласа Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2026 година и согласноста за Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2026 година.

Претставникот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување Ментор Јакупи истакна дека планираните приходи за 2026 година изнесуваат 124 милиони и 500 илјади денари, од кои 112 милиони денари се од надоместоци од пензиските друштва, четири милиони денари од административни надоместоци и приходи од камати во износ од 8 милиони и 500 илјади денари. 

Планираниот износ на приходи од пензиските друштва од 112 милиони денари се очекува да се реазлизира со наплата на месечен надомест на пензиските друштва во висина од 0,6 % од вкупните придонеси уплатени во претходниот месец во секој пензиски фонд со кој управува пензиското друштво. 

Реклама

Во однос на расходите тие се планирани да бидат 124 225 000, за повеќе работи меѓу кои и набавка на софтвер, организирање на настани за зголемување на свеста на граѓаните со повече институции и друго. 

Пратениците укажаа дека Агенцијата, но и сите други независни тела треба да внимаваат на трошењето на буџетските средства.