Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Финансиска полиција го гони Бислимовски за штета на државната каса од 14 милиони денари

Марко Бислимовски како претседател на Регулаторната комисија го оштетил буџетот за 230…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марко Бислимовски како претседател на Регулаторната комисија го оштетил буџетот за 230 илјади евра оти незаконски дозволил на фирмата „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје да тргува со нафта и нафтрени деривати 15 месеци со истечена лиценца. Финансиската полиција го товари Бислимовски за злоупотреба на службената положба и овластувањата бидејќи тој како прв човек на Регулаторна, требало да отпочне постапка и да и забрани на фирмата да тргува со горива бидејќи не ги исполнувала законските препишани услови. Бислимовски тоа го направил, но наместо во јануари 2024-та, година и пол подоцна односно во април 2025 година.

  • „.. донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки. Со горенаведените дејствија, пријавениот ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари“ стои во кривичната пријава.

Од Регулаторната комисија тврдат дека лиценцата била одземена во законскиот рок и велат дека се отворени за соработка со истражните институции.

  • „РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци. РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата“ велат од РКЕ.

Скопската фирма „Тритерол Петрол“ за трговија со нафта е позната во јавноста. Нејзин сопственик е Љупчо Пецов Ѓаволот, а директор е Зоранчо Ангелов. За нив досега Финансиската полиција има поднесено две кривични пријави, една за даночна измама и затајување данок со што го оштетиле буџетот за над 90 илјади евра. Втората пак од ноевмри 2025 повторно е за Пецов Ѓаволот и Ангелов кои се товарат за фалсификувани банкарски гаранции со кои успеале да добијат 19 јавни набавки и да се стекнат со незаконска корист од без малку 1 милион евра.

Реклама

Љупчо Пецов Ѓаволот, по две години во бегство во декември се предадал на органите на прогонот како осомничен во случајот „Синџир“ за милионските злоупотреби во Управата за јавни приходи поврзани со затајување данок.