Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Филозофското друштво на Македонија распиша конкурс за награди „Константин Филозоф“ за 2026 година

– Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) распиша конкурс за доделување награди „Константин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) распиша конкурс за доделување награди „Константин Филозоф“ за 2026 година, со цел оддавање признание за постигнувања и значаен придонес за развојот на филозофијата во нашата земја. 

Наградите, како што соопшти денеска ФДМ, се доделуваат во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач.

– Наградата за животно дело се доделува за вкупниот опус на филозоф во филозофското творештво, филозофското образование, како и за афирмацијата на филозофијата во земјата и странство. Наградата за филозофска книга на годината се доделува за оригинален и значаен труд од областа на филозофијата. Наградата се доделува за книга, објавена во текот на календарската 2026 година. Наградата за млад филозофски истражувач се доделува за истакнат творечки придонес на филозоф до триесет и петгодишна (35) возраст – стои во соопштението.

Реклама

Кандидатите за наградите „Константин Филозоф“ треба да се државјани на Република Северна  Македонија. 

Предлози за доделување на наградите, како што е наведено во конкурсот, може да поднесе секој полнолетен граѓанин, групи или здруженија на граѓани или институции што се занимаваат со образовна, научна и истражувачка дејност. 

– Предлогот за кандидатот треба да содржи образложена пријава и релевантна био-библиографија (освен за наградата за филозофска книга на годината). 

Предлозите се сметаат за валидни доколку во предвидените рокови стигнат на адресата на Филозофското друштво на Македонија, бул. Гоце Делчев 9А, 1000 Скопје (Филозофски факултет) или на официјалната електронска адреса: mailto:[email protected] – соопшти ФДМ