Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Филмски династии ги разграбуваат народните пари наменети за филмска дејност

Игор Иванов – Изи и Томи Салковски со години биле финансирани од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Игор Иванов – Изи и Томи Салковски со години биле финансирани од државниот буџет по повеќе основи. Освен од Агенцијата за филм за филмски проекти, им капело и преку Друштвото за филмски работници, а добиле и сериозни државни тендери.

„Скопје филм студио“ било ангажирано за осмислување и реализација на настаните за одбележување на Илинден, за Денот на независноста, Денот на народното востание, Св. Климент Охридски, како и Денот на сесловенските просветители за што инкасирало безмалку 50 милиони денари.

Во меѓувреме „Скопје Филм студио“, во сопственост Салковски, заедно со „Црна мачка“ во сопственост на неговиот внук, Кристијан Буровски, од Агенцијата за филм добиле 223 милиони денари, народни пари. Ако се земе во предвид правилникот на оваа институција, која предвидува 7% од вкупната вредност да одат кај продуцентите, нивната лична заработка од државниот буџет се проценува на повеќе од 15 милиони денари.

Реклама

Дополнително, Друштвото на филмски работници со кое раководат Изи и Салковски секој месец преку Агенцијата за филм добивало по 120.000 денари, почнувајќи од 2018-та.

За овој период инкасирале повеќе од 7 милиони денари, народни пари, за кои Министерството за култура утврди дека биле незаконски доделени.

  • Агенцијата за филм незаконски во периодот од 2018 заклучно со 2023 година ја финансирала работата на ДФРМ, со што незаконски им доделила средства од 7.080.000,00 денари.“ – Пишува во надзорниот извештај на министерството за култура за работата на Агенцијата за филм.

Финансиските извешатаи до кои дојде Алфа, пак, покажуваат низа контрадикторности, а дел од парите се трошеле во ексклузивни ресторани.

Друштвото на филмски работници, под раководство на Иванов и Салковски, вчера преку соопштение до јавноста, ги повикаа инситуциите да расчистат со криминалот кој владее во Агенцијата за филм. Засега нејасно е дали и овие луѓе ќе се најдат под лупата на истражните органи.

Никола Цветкоски