Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Филмот може да биде и семеен бизнис: двете сестри и братот Митевски извлекле неколку 100-тици илјади евра од државата

Од државни пари, до семеен бизнис. На филмското семејство Лабина, Теона и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од државни пари, до семеен бизнис. На филмското семејство Лабина, Теона и Вук Митевски, личната заработка од државниот буџет им се проценува на повеќе од 30 милиони денари, за продукција на филмови. Според правилникот на Агенцијата за филм, во кој стои дека режисерот и продуцентот може да земат и до 7% од финансиската поддшка која ја добиле, додека пак сценарист до 5%. Па од вкупно, повеќе од 150 милиони денари, односно, над 2 и пол милион евра, народни пари, тие имале можност да инкасираат над 20% од она што им го доделила државата.

Но, ова е груба пресметка, бидејќи често, на дел од филмовите тие се јавуваат во повеќе улоги. Па така, Теона Стругар Митевска, во филмовите „Мајка – Можната приказна за Мајка Терза“, како и „Господ постои – се вика Петрунија“, кои не ќе биле снимени без поддршка од државата, таа се јавува како продуцент, режисер и сценарист. Додека пак во дел од филмовите, нејзиниот брат Вук Митевски, често работи како сценограф и уметнички директор. Додека во дел од проектите Лабина се јавува како актерка или продуцентка.

Нивната мултиталентираност да заработат повеќе од државата, ја имаат истакнато и на својот вебсајт.

Реклама
  • „Лабина е одговорна за продукцијата, Теона е режисер кој има заршено магистерски студии во Школата Тиш во Њујорк, а Вук е сликар и скулптор кој работи како сценограф и уметнички директор.“ – Стои на вебсајтот на продукцијата.

„Сестри и брат Митевски“ се меѓу продукциските куќи кои најмногу профитирале од народните пари, преку Агенцијата за филм, во период кога оваа институција е под сериозно сомение дека незаконски делела средства од државниот буџет.

Ревизијата што ја направи Министерството за култура покажува дека на списокот финансирани проекти постојано се повторуваат истите имиња на продуценти, режисери и сценаристи – речиси секоја година парите се делеле во тесен круг филмаџии во кој е скоро невозможно да се влезе.

За разлика од мнозинството продукции, тие се истакнуваат во тоа што Агенцијата за филм покрај тоа што им доделувала неверојатни суми на пари, често добивале финансиска поддршка за повеќе од еден проект, но, на списокот се јавуваат и под различни имиња, односно „Сестри и брат Митевски“, како и  „Систерс енд бродер Митевски продакшн ДООЕЛ“.

Продукцијата е формирана во 2001-та година и е регистрирана во Скопје, иако според информациите на ТВ Алфа Лабина, Теона и Вук Митевски се во Македонија само кога земаат пари од буџетот, бидејќи се преселни во странство.

Никола Цветкоски