Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Филков: Барањата од ДУИ се националромантичарски теми од минатиот век

Министерот за правда Игор Филков денеска даде одговор на најавите од ДУИ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Игор Филков денеска даде одговор на најавите од ДУИ дека ќе бараат негова кривична одговорност поради неможноста правосудниот испит да се полага на албански јазик. Тој оцени дека ваквите барања се „националромантичарски теми“, кои, како што рече, им припаѓаат на политичари од минатиот век.

– Сметам дека националромантичарските теми се важни за оние политичари од минатиот век. Како што кажав, ние работиме чисто и решително на стабилност, просперитет и владеење на правото, сѐ друго  ќе биде оставено на тажната страна на историјата – изјави министерот по 18. сесија на работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во рамките на Националната конвенција за ЕУ, што се одржува денеска. 

Во однос на изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека министерот за правда би можел да биде меѓу функционерите што ќе бидат засегнати од реконструкција на Владата, Филков возврати дека владеењето на правото ќе важи за сите. 

Реклама

– Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не. До тогаш владеењето на правото и почитувањето на Уставот ќе важат за сите – рече Филков.

Запрашан дали се можни измени на законите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, министерот кусо одговори дека „во моментот таква можност нема“,

На прашањето за тоа каде затајуваме бидејќи извештаите покажуваат дека корупцијата во државата е голема, Филков истакна дека очекува „новите законски решенија многу бргу да донесат прогрес“.