Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Филипче се скара и со градоначалникот на Крива Паланка – Дали Сашко Митовски е следниот што ќе добие црвен картон?

Нов ден, нова кавга на Филипче. Сега лидерот на СДСМ се скара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден, нова кавга на Филипче. Сега лидерот на СДСМ се скара и со Сашко Митовски, еден од само шестте градоначалници кои ги има партијата. И тој одработувал за интересите на ВМРО-ДПМНЕ и се договарал со Мицкоски. Причината за ударот на воинствениот Филипче врз својот градоначалник на Крива Паланка е најавата за отварање на рудник за антимон, кој се извезувал во Америка и би ја збогатило општината.

Наводниот грев на градоначалникот Митовски е што на својот Фејсбук профил рече дека Крива Паланка е рударски град и тоа не е само економија, туку дел од идентитетот. Тој порача дека секоја иницијатива за рударство треба внимателно да се разгледа. Според него на градот му требаат инвестиции и нови работни места, па ако навистина се потврди дека има големо наоѓалиште на антимон, тоа може да значи сериозен економски бенефит за локалната економија.

Доколку се потврдат анализите дека станува збор за едно од најголемите наоѓалишта на антимон, тогаш тоа отвора сериозна развојна перспектива и значајни придобивки за граѓаните на Крива Паланка. Но истовремено, мојата обврска како градоначалник е јасна и недвосмислена-да го заштитам здравјето на граѓаните и животната средина. Тоа е приоритет кој стои над сè друго. И тука нема тронка на компромис, вели Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

Реклама

Со овој удар на Филипче, Митковски влегува во друштвото на се побројните функционери на СДСМ кои лидерот јавно ги шиканира само затоа што размислуваат со своја глава. Во последните неколку месеци секој што ќе крене глас или ќе каже став кој не е идентичен со тој на Филипче и неговите неколкумина советници, по автоматизам е обвинет дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ. Ако продолжи да му пркоси на лидерот, веднаш му следи исклучување, како случајот со Јован Деспотовски, Петре Шилегов и Радослав Трошановски, советникот од општина Карпош. Паралелно со внатрешната чистка, Филипче во последно време влезе и во теории на заговор од типот дека ВМРО-ДПМНЕ се инфилтрирале во неговата партија, дека Српските тајни служби работеле да го рушат, дека го следат Изралески шпиуни, и секако дека Алфа телевизија тера црна кампања против него со унгарски пари.