Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Филипче го зголеми списокот на „ВМРО-вци“ во СДСМ: Меѓу непожелните на лидерот влезе и градоначалникот Сашко Митовски

Откако не го послуша својот лидер Филипче, и градоначалникот на Крива Паланка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако не го послуша својот лидер Филипче, и градоначалникот на Крива Паланка Митовски е прогласен за ВМРО-вец. Со тоа што пред интересот на лидерот, го става интересот на граѓните во својата општина во однос на рудникот за антимон, тој според Филиче директно одработувал за владејачката партија и премиерот Мицкоски. Ама како да нема храброст да му го каже тоа во лице, па наместо да го викне на консултации, тој по својот градоначалник, еден он само шесттмината, удира преку медиумите.

-(Дали стапивте после вчерашниот прес во личен контакт со Сашко Митовски или можеби се обидовте да стапите да му кажете што имате?) Не, одговори Филипче.

Филипче останува на своите обвинувања дека фирмата која сака да инвестира во рудникот во Крива Паланка, била донатор во кампања на ВМРО-ДПМНЕ, што не е ништо противзаконски, ама за него тоа било смртен грев и митевски не трабало да учествува.

Реклама

-Има обврска градоначалникот кога станува збор за таков проект, кој што гледаме дека зад него стојат бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ, еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донатор во ВМРО-ДПМНЕ и тоа ништо не е чудно. Се досега е поврзано со бизнис интересите на премиерот и оваа владејачка гарнитура, тоа се знае, секојднево излегуваат информации, изјави Филипче.

Митовски за Алфа изразува жалење што неговиот лидер и раководството во последно време, наместо да разговара со своите членови, со нив се конфронтира, со како што вели, луди соопштенија. Останува на ставот дека станува збор за потенцијална голема и стратешка инвестиција, која би донела економски развој на општината и би било една од причините младите да не се иселуваат од таму. Вели дека на граѓаните им е важен подобриот живот, а не препукувањата меѓу политичарите, од било која партија.

-Сите овие аргументи, обвинувања и слично, треба да се дискутираат во рамките на партијата, не преку луди соопштенија, кои што можеме да ги видиме еден долг период на социјалните мрежи и преку медиумите. Жал мие  што пред да се случи било што посеавме страв меѓу луѓето, сметајќи дека сето ова ќе биде толку небезбедно за нивното здравје, за нешто кое што постоело во времето на СФРЈ, кога нашите дедовци и баби ја граделе оваа држва, изјави Митовски.

Митовски потенцира дека референдум ќе има доколку таква иницијатива дојде до општината и советот, но прво транспарентно да се види кавки точно планови има инвеститорот со евентуалниот рудник во Крива Паланка, за граѓаните да можат да донесат одлука согласно сите факти и аргументи кои ќе бидат презентирани пред нив. Со оваа кавга, Митовски станува дел од се поголемиот список на функцинери на СДСМ, кои поради тоа што не го слушаат слепо својот лидер, тој ги прогласува за вмро-овци.

Матеја Петровски