Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Фиктивни дежурства , мито, долги листи на чекање – Алиу решен да стави крај на хаосот во здравството

Баснословни суми од штанцани дежурства, долги листи на чекање за кои пациенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Баснословни суми од штанцани дежурства, долги листи на чекање за кои пациенти плаќаат и мито. Во македонското здравство има сериозни случауи на хаос и злоупотреби од кои некои лекари заработуваат огромни суми на сметка на државата и граѓаните. Министерот за здравство Азир Алиу денеска потврди дека имало случај со доктор кој за еден месец заработил 700 илјади денари. Детали не соопшти, но нагласи дека институциите ќе го решат овој проблем. Тој е решен целосно да стави крај на хаосот и да ги  разбие долгите листи на чекање, за кои според министерот граѓаните плаќаат мито. Планот му  е преку  нов систем за регистрирање на работното време и казни за непочитувачите .

„Имаме ситуација каде што имаме доктори што прегледуваат само еден пациент неделно, а имаме доктори што прегледуваат 100 пациенти неделно. И едниот и другиот се отстапки и не се во ред. Тоа институционално ќе го решиме,   Знаеме во секоја институција колку имаме вработени, колку тие вработени работат дополнително, колку часови работат, и дали се во согласност тие институции со законските предвидени ограничувања. Имаме институции коишто веќе се дефинирани дека тоа не е постапено, изјави Алиу.

Дека во здравството има случаи на злоупотреби предупреди премиерот од собраниска говорница. Тој обелодени дека има доктори кои си книжеле дежурства и така достигнувале и до 10 000 евра месечно. Си пишувале денови, саатници и викенди. 

Реклама

Според податоците, пак  на министерството, 41 % од докторите работат во повеќе клиники како дополнителна дејност без разлика дали пациентите ги ставаат на листа за чекање. Информациите на министерството се земeни од повеќе бази и направени се компарации. Министерот вели дека има ситуации каде што доктори прегледуваат само еден пациент неделно, а некои дури и 100 пациенти неделно.

За жал ситуацијата е таква како што вие кажавте, имаме ситуации каде што доктори прегледуваат само еден пациент неделно, и имаме доктори што прегледуваат 100 пациенти неделно, и едниот и другиот се аутлајери. Така да мора да ги следиме и да направиме систем којшто прво реално ќе го следиме ние како министерство, второ ќе реагираме навреме“, изјави Алиу.

Засега не се знае дали лекарите ќе требаат да ги враќаат парите кои ги спечалиле со истовремено работење на неколку клиники, а со тоа ги оштетиле пациентите оставајќи ги на листите за чекање.

Министерот потенцира дека наишле на нелогични бројки и засега анализираат дали тоа е недостиг на законски решенија или лошо менаџирање. Има и доктори од внатрешноста што не направиле ниту една операција за цела година.