Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

ФФМ во завршна фаза од постапката за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе започна процес за имплементација на ВАР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе започна процес за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал, што ќе претставува важен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во рамки на постапката, ФФМ веќе добила понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот се наоѓа во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Процесот се спроведува во тесна координација со ФИФА и УЕФА, во согласност со сите меѓународни стандарди за имплементација и користење на ВАР системот.

Реклама

„Сме уверени дека имплементацијата на ВАР системот ќе донесе поголема транспарентност и квалитет во организирањето на натпреварите. Овој проект е значаен чекор за нашата лига, бидејќи со него не само што им се обезбедува поддршка на судиите, туку и се создаваат услови за подобро функционирање на клубовите, во насока на подобрување на инфраструктурата на стадионите и исполнување на барањата за поставување платформи за ТВ камери, што е неопходно за имплементација на ВАР“, изјави Дејан Јакимовски, проектен лидер за имплементација на ВАР.

Како дел од процесот, ФФМ проектниот тим редовно одржува работни сесии со ФИФА. Последната сесија се фокусираше на програмата за асистенција и одобрување на имплементацијата (IAAP) и споделување на најдобрите практики за ВАР имплементации. Темите што беа опфатени се однесуваа на технолошката инфраструктура, логистиката потребна за системот, како и обуката и развојот на судиите за работа со ВАР, според глобалните стандарди на ФИФА.

Тоа значи дека од следната натпреварувачка сезона, ВАР ќе биде дел од натпреварите во Првата МФЛ.

ФФМ продолжува да се посветува на унапредување на фудбалската инфраструктура и создавање услови за фер и еднаков третман на клубовите.