Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Фетаи: Предлогот за разрешување на државниот обвител Коцевски е добро образложен, очекувам да помине во Собранието

Мислам дека целиот проблем околу корупцијата на високо ниво се состои во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мислам дека целиот проблем околу корупцијата на високо ниво се состои во правосудниот систем. Затоа е и покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител. Мислам дека судскиот систем треба да се реформира. Работиме во таа насока со нашите партнери, изјави денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарски прашања за време на Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“.

– Знаете дека имавме проблем и со Антикорупциската комисија, сега веќе имаме нов претседател таму и верувам дека во блиска соработка со сите институции – Владата, Собранието, антикорупциските тела и со правосудниот систем, ние ќе се бориме против корупцијата на високо ниво. Исто така, ќе бараме да има судски разрешници, конфискација на имот. Се надевам дека со новата стратегија што треба да се усвои против корупцијата ќе имаме подобри резултати, ќе имаме тримесечни известувања, за на крај да добиеме позитивен извештај од Европската комисија, одговори тој на новинарско прашање.

Прашан околу разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски тој посочи дека одлуката за тоа е донесена на Владина седница, дека е таа добро образложена и очекува да биде усвоена во Собранието.

Реклама

-Да, на одржаната владина седница, ние донесовме одлука за започнување на постапката за разрешување на јавниот обвинител заради добро познати причини. Значи има добро образложение што е испратено како предлог до Собранието. Сега топката е кај Собранието и се надевам дека во одредените законски рокови, Собранието ќе постапи за негово разрешување, одговори Фетаи.

Владата на вчерашната седница го усвои предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој што ќе го достави до Собранието. Портпаролката на Владата Марија Митева вчера во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено стопирана за време на изборниот период.

-Причините за оваа иницијатива се јавни познати, и Владата досега повеќепати ги има образложено, доследно, транспарентно и во интерес на заштита на  институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена – јакнење на правната држава и обезбедување непречено функционирање на органите на прогон во служба на граѓаните, рече Митева.