Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Фетаи: Над 20 владини институции целосно ги објавиле информациите побарани од јавноста, 22 институции ги направиле транспарентни постапките за јавни набавки

Владата го усвои официјалниот извештај за реализацијата на стратегијата за транспарентност 2023…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата го усвои официјалниот извештај за реализацијата на стратегијата за транспарентност 2023 – 2026, кој сведочи за значителен напредок во отворањето на институциите кон граѓаните, соопшти Кабинетот на вицепремиерот за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Над 20 владини институции целосно ги објавиле информациите побарани од јавноста, а 22 институции ги направиле транспарентни своите постапки за јавни набавки – конкретни чекори што ја зајакнуваат довербата на граѓаните во управувањето со јавните средства.

Кабинетот на Фетаи информира дека Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на заклучоците од стратегијата за транспарентност (2023 – 2026). Извештајот ги прикажува мерливите резултати постигнати од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата за политики на добро владеење, министерствата и другите државни институции.

Како што оцени Фетаи, Владата ја проширува пристапноста до информации за граѓаните, се гради поотворена и подоверлива администрација.

Реклама

– Клучни постигнувања наведени во извештајот се: активна транспарентност кон граѓаните
 – 20 институции ги објавиле на своите официјални веб-страници сите одговори на барањата за пристап до информации од јавен карактер, анонимизирани, почнувајќи од 24.6.2024 година, три институции делумно ја исполниле оваа обврска, а уште 15 институции се во завршна фаза на објавување; отворање на постапките за јавни набавки -
22 институции ги објавиле своите внатрешни процедури за јавни набавки на официјалните веб-страници, а по завршувањето на периодот на мониторинг и Министерството за социјална политика, демографија и млади ја објави својата процедура давајќи дополнителен позитивен пример и во меѓувреме уште 16 институции се во процес на финализирање на објавите; унапредување на акцискиот план
- ревидиран и усвоен е акцискиот план на стратегијата за транспарентност 2023 – 2026, со пореални рокови и јасно утврдени одговорности за секоја мерка, како и дигитални чекори и подготовка за иднината
- Министерството за дигитална трансформација работи на креирање посебни секции на владиниот портал за заменик-претседателите на Владата и министрите без ресор, веќе е формирана меѓуинституционалната работна група за изработка на нацрт-стратегијата за транспарентност 2027 – 2029 и во наредните денови се очекува Владата формално да ја одобри со цел интензивната работа да почне во текот на март – наведува Кабинетот на вицепремиерот за политики на добро владеење.

Според Фетаи, транспарентноста станува институционален стандард.

– Усвојувањето на овој извештај не е административен формалитет, туку доказ за реална посветеност да се обезбеди побрз и поцелосен пристап до информации. Преку меѓуинституционална соработка градиме поотворена, поодговорна и подоверлива администрација за граѓаните – порача Фетаи во обраќањето на владината седница.

Како што истакнува Кабинетот на Фетаи, Владата на овој начин покажува дека транспарентноста и отчетноста не се само политички ветувања, туку конкретни процеси што ја приближуваат администрацијата до граѓаните и ја зајакнуваат јавната доверба.