Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Ферати – Памер: Градењето доверба, приоритет за мултиетничко и мултиконфесионално општество

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати остварил средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати остварил средба со амбасадорот на Австрија во државава, Мартин Памер, на која главни теми биле европската интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции.

На средбата била истакната поддршката од Австрија за европскиот пат на Северна Македонија, како и потребата од продолжување на реформските процеси.

-На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество. Амбасадорот Памер го оцени позитивно организирањето на настанот по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, истакнувајќи го неговото значење за соживотот и општествената кохезија, се наведува во соопштението од Министерството за односи меѓу заедниците.

Реклама

Соговорниците разговарале и за можностите за зајакнување на соработката преку проекти на невладините организации од двете земји. при што било оценето дека соработката во оваа област може да придонесе за зајакнување на демократијата, вклучување на младите, градење доверба и развој на етничките заедници.