Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Факултетот за ликовни уметности и Фонтис академијата со заедничка работилница за уметничко истражување

На Факултетот за ликовни уметности – Скопје денеска ќе се одржи предавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Факултетот за ликовни уметности – Скопје денеска ќе се одржи предавање и специјализирана работилница, што ќе ги водат професорот Фалк Хубнер и истражувачката Хелен де Хун од Фонтис академијата за уметности од Холандија.

– Работилницата има за цел да ги претстави основните принципи на уметничкото истражување и да ги воведе учесниците во првите практични чекори на неговата примена. Таа е наменета за студенти по уметност, активни уметници и уметници-педагози од сите области и нивоа на искуство кои сакаат да го продлабочат своето знаење и да ја истражат улогата на уметникот како истражувач, информира ФЛУ – Скопје. 

Во текот на работилницата, учесниците ќе поминат низ мини-циклус на уметничко истражување, разгледувајќи ги фазите: формулирање истражувачко прашање, дефинирање метод, дизајнирање експеримент и претставување резултати. Преку овој процес, тие ќе го истражат преминот од уметник како практичар кон уметник како истражувач – учејќи како да ја претворат почетната љубопитност во јасно и издржано истражувачко прашање и како да развијат соодветен методолошки пристап. Работилницата ќе заврши со кратки презентации, на кои учесниците ќе ги споделат своите уметнички и перформативни резултати. 

Реклама

– Настанот е базиран на најновата публикација со отворен пристап на Фалк Хубнер „Method, Methodology and Research Design in Artistic Research: Between Solid Routes and Emergent Pathways“, како и на методолошките пристапи развиени во рамките на магистерската програма Performing Public Space и истражувачката група Artistic Connective Practices при Фонтис академијата, соопшти ФЛУ-Скопје. 

Работилницата  ќе се одржи во библиотеката и предавалната на Факултетот за ликовни уметности, во кампусот „Педагошка“ во населба Карпош.  Ќе се одвива на англиски јазик.