Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Факултетот за безбедност – Скопје домаќин на експерти во рамките на проектот „Превент“

Факултетот за безбедност – Скопје, универзитетска единица на УКЛО – Битола, одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за безбедност – Скопје, универзитетска единица на УКЛО – Битола, одржа високопрофилен панел посветен на јакнење на еколошката безбедност во Јадранско-јонскиот Регион.

Настанот во рамките на проектот „Превент“, со наслов „Јакнење на еколошката безбедност во Јадранско-јонскиот Регион: Операционализирање на проектот „Превент“ и институционална соработка“, овозможи да се слушнат конкретни решенија и алатки од областа на животната средина.

За целите на проектот говореа д-р Армандо Ла Скала од Универзитетот „Политехнико ди Бари“ и д-р Марио Шпадина од Seacras и промовираа нова интерактивна база на податоци, која ќе се пополнува со граѓанско учество и која ќе служи како клучна алатка за откривање разни форми на загадување на водните површини.

Реклама

На панелот учествуваа и Ивана Гиновска, директор на Државниот инспекторат за животна средина, која зборуваше за подобрување на инспекциските капацитети преку нови технологии, Игор Лазаровски, директор на Управата за хидрометеоролошки работи, кој ја истакна врската меѓу реките и пренесувањето на отпадот во морињата, и д-р Орхидеја Тасевска, директор на Хидробиолошки завод – Охрид, која се фокусира на мониторингот на езерските екосистеми.

Проектниот лидер од УКЛО – Битола, проф. д-р Александар Иванов, истакна дека целта е создавање трајна институционална меморија, која ќе остане и по завршувањето на проектот.