Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Еврооптимист без никаква причина: Се бројат последните часови на Димитар Ковачевски како премиер на Македонија

Часови останаа од двегодишниот премиерски мандат на Димитар Ковачевски- најголемиот евро-оптимист без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Часови останаа од двегодишниот премиерски мандат на Димитар Ковачевски- најголемиот евро-оптимист без никаква причина во Македонија. Само тој и најблиските негови соработници од Владата, која не беше избрана од граѓаните, гледаа позитивни работи во државава, иако пораките од европските лидери беа сосем други. Ковачевски дури и си даде рок дека до 2030-та ќе сме биле членка на ЕУ. 

-Колку и да звучи амбициозно, јас и сите ние во Владата веруваме дека Македонија има политички капацитети, кои можат да допринесат по успешно завршениот скрининг процес во ноември, со динамично темпо да влеземе во преговарачкиот процес и до 2030-та да станеме земја членка на Европската Унија, изјави Ковачевски на 17-ти март 2023-та.

А во годината кога Ковачевски си даде последен рок за членство во ЕУ, го добивме еден од најкастрофалните извештаи од Европската Комисија последниве години, каде е нотирано дека цвета корупцијата и нема владеење на правото. И покрај овие пораки, сличен оптимизам како својот шеф има и кај вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. 2023-та била успешна година на дипломатски план.

Реклама

–Имавме една многу успешна година, со успешен скрининг, верификуван од сите, од Европската комисија, од државите членки и од сите, имавме држава во која што направивме вистински институционален и државен подвиг, изјави Маричиќ на 27-ми декември 2023-та.

Ваквиот оптимизам е чуден кога ќе се видат пораките од светските лидери, еден од нив франуцскиот претседател Емануел Макрон, кој порача дека прво се потребни реформи внатре во ЕУ, бидејќи тешко функционирале и со волку членки, а не па да примаат нови.

-Со 27 земји членки ЕУ тешко функционира кога е навистина важно да дејствува, а тоа ќе биде уште потешко кога ќе има 32 или 35 земји членки. Затоа мораме да бидеме храбри. Да прифатиме повеќе интеграција за одредени политики, а за некои да работиме со „различни брзини“, изјави Макрон на 29-ти август минатата година. 

Ковачевски и колегите секојдневно не убедуваат дека само Бугарите во Устав ни се доволни за напредок кон ЕУ, обратното ни го порача германскиот канцелар. Тој среде Скопје ни порача дека и по евентуалните измени, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. И Шолц во стилот на Макрон, кажа дека мора да има внатрешни реформи во ЕУ.

-ЕУ мора да се реформира пред да стане Унија со 30 или со 36 земји членки, вклучително земјите од западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, изјави Шолц на 30-ти август 2022-ра.

Дека треба да работиме на уште многу други проблеми, во мај годинава, директно ни порача холандскиот амбасадор Јан Коп, кој кажа дека корупцијата и условите во правосудството на еден начин се на катастрофално ниво во Македонија.

-Постои корупција насекаде, конфликт на интереси, влијание врз невладиниот сектор, непотизам, клиентелизам, а препораките од ДКСК и Народниот правобранител, не се почитуваат од никого, ниту од Владата, ниту од Собранието, ниту од Обвинителството, изјави Јан Коп на 28-ми мај 2023-та.

Дека состојбите со внатрешните проблеми во државава се алармантни јасно ни порача и евроамбасадорот Дејвид Гир.

-Во реформите врзани со владеењето на правото, борбата орстанува разочарувачка. Во извештајот на Европската комисија има јасни насоки што треба да се прави и кои се приоритетите. Сите ги знаеме, но досега премалку е постигнато. , изјави евроамбасадорот Гир.

Врз оптимизмот на Ковачевски цело време удира и официјална Софија, која јасно ни порачува дека уставните измени нема да бидат последниот бугарски услов за Македонија. А со цел Бугарија  да ни дозволи да се одржи првата меѓувладина конференција за сликање, го прифативме францускиот предлог и протколите, со кои бугарските барања станаа европски.

Матеја Петровски