Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

ЕУ има поголемо разбирање за проблемот со пасошите на македонците отколку власта на СДСМ и ДУИ

Европската Унија ќе покаже разбирање за македонските граѓани кои живеат и работат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија ќе покаже разбирање за македонските граѓани кои живеат и работат во Шенген зоната, а кои имаат патни исправи со старото уставно име на државата. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека добил информација од Комитетот за патни исправи на Европската Комисија, дека земјите од ЕУ ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани кои заради не можност да извадат нов пасош, се уште го користат истиот.

  • „Ова се однесува на нашите граѓани кои се надвор од Македонија, на пример во Германија имаме 70.000 македонски државјани кои имаат стари патни исправи. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, ама нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома, рече Тошковски.

Тошковски уште еднаш ги повика пратениците во Собранието да покажат разумност и разбирање за нашите граѓани и да ги изгласаат измените на Законот за патни исправи, односно да се променат датите за важност на старите пасоши кои не важат од 12 февруари.

  • „Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме, само Македонија, освен Грција, го крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура од СДСМ и ДУИ не сакаат да стиснат едно копче“, потенцираше Тошковски.

Законот за продолжување на важноста на пасошите пак, ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието уште пред 10 дена. Официјалното објаснување од службите таму било дека тој се уште се преведува. Прашањето е што има толку да се преведува кога предложената измена е само во датумите, односно, станува забор за бројки.

Реклама
  • „Овој проблем кој што го креираа и секој ден станува се поголем, да бидат човечни, да годминеме со една мала, но многу битна измена на законот за пасоши, исто како што тоа го направивме со законот за возачки дозволи и им го олеснивме животот на граѓаните кој што претходно беше загрозен со некои несовесни законски решенија. Она што ни е кажано од Собранието, е дека овој предлог закон предложен од пред 10 дена, се уште е на превод.“ – Порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Во меѓувреме, над 600-тини илјади граѓани, кои не успеаа навреме да ги променат патните исправи, се заробени на само 25.000 километри квадратни. Оние чија егзистенција зависи од поседувањето пасош, натера многумина да се изложат и на дополнителни трошоци, за документите да ги извадат по брза постапка. Додека пак дел од нашите граѓани кои беа вработени на бродови или странски држави, останаа без работа.

Никола Цветкоски