Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ЕУ и Македонија во летна слатка трка: Кој повеќе произведува, а кој повеќе троши сладолед

– Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население.

Бројките на ЕУ – произведени 3,44 милијарди литри сладолед

Според најновите податоци на Еуростат, во 2025 година во Европската Унија се произведени 3,44 милијарди литри сладолед, што претставува раст од 1,9 % во споредба со 2024 година (3,38 милијарди литри).

Реклама

Германија го задржа првото место како најголем производител во ЕУ со 608 милиони литри. На второ и трето место се Италија со 549 милиони литри и Франција со 525 милиони литри. Топ 5 производителите ги затвораат Шпанија (457 милиони литри) и Белгија (274 милиони литри).

Сите пет водечки европски производители забележуваат раст на производството, при што најголем скок има Италија (+10%), а по неа следуваат Белгија (+6%), Франција (+4%), Шпанија (+2%) и Германија (+0,2%).

Во надворешната трговија, ЕУ извезе 289,8 милиони килограми сладолед надвор од своите граници, што е раст од 10%. Тука предводи Франција, која е најголем извозник со 59,1 милиони килограми. Тоа е 20% од вкупниот извоз на ЕУ.

Бројките на Македонија – Извезуваме повеќе отколку што користиме

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година биле потребни 1,7 килограми сладолед по член на домаќинство за да се разлади македонското население во текот на годината. Ако се земе предвид просечната популација, тоа значи дека годишната домашна потрошувачка на домаќинствата во Македонија изнесува околу 3,1 милион килограми.

Сепак и Македонците се повеќе јадат сладолед. Статистика забележува дека во 2024 година во просек секој член на домаќинство јадел по 1,4 кг сладолед, во 2023 година – 1,2 кг, во 2022 и 2021 по 1,1 кг сладолед. Најмалку сладолед бил изеден во 2014 година, кога во просек секој член на домаќинство тоа лето изеле по само половина килограм.

Она што е фасцинантно е што македонската индустрија за сладолед не само што ги задоволува домашните потреби, туку и остварува сериозен извоз на странските пазари.

Во 2025 година, Македонија извела над 4,7 милиони килограми сладолед, што е значително повеќе од вкупната количина што ја консумирале сите македонски домаќинства заедно.

Споредба и тренд на македонскиот извоз и увоз (2020 – 2025)

Анализата на официјалните царински и статистички податоци за периодот од 2020 до 2025 година покажува дека Македонија континуирано остварува позитивно трговско салдо (суфицит) во трговијата со сладолед. Македонскиот извоз на сладолед го достигна својот историски врв во 2024 година со извезени 5,26 милиони килограми во вредност од над 18,1 милиони евра, остварувајќи суфицит од рекордни 6,39 милиони евра.

Во 2025 година извозот забележа благ пад во количина (4,73 милиони килограми) и вредност (17,6 милиони евра), но и понатаму остана на високо ниво, остварувајќи чист профитен суфицит за државата од 4,52 милиони евра.

Најголем дел од извозот и увозот (над 90%) отпаѓа на категоријата сладолед без содржина на млечни масти или со содржина помала од 3%