Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

ЕУ и КфВ Банка со грант од 1,5 милиони евра ја поттикнуваат зелената трансформација на АД ЕСМ

АД ЕСМ денеска потпиша Договор за грант со Германската развојна банка КфВ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД ЕСМ денеска потпиша Договор за грант со Германската развојна банка КфВ кој обезбедува 1,5 милиони евра техничка помош, финансирана од Европската Унија, наменета за зајакнување на внатрешните капацитети и забрзување на клучните активности за енергетска транзиција на компанијата. Ова, наведува ЕСМ, е значаен чекор за зелена и пазарно ориентирана трансформација на компанијата.   

-Грантот од Европската Унија, овозможен преку КфВ, претставува стратешки камен-темелник за нашата институционална трансформација кон сеопфатна, зелена и пазарно-ориентирана компанија. За ЕСМ ова е повеќе од премин кон обновливи извори на енергија, туку сериозна посветеност да станеме модерна и комерцијално конкурентна сила на европскиот енергетски пазар. Финансирањето ќе биде алатка за зајакнување на нашите внатрешни капацитети и корпоративно управување, преку финансирање на критични иницијативи за моделирање и стратешко планирање. Овој институционален фокус ја осигурува нашата оперативна одржливост, ја зајакнува енергетската безбедност на земјата и значително ги забрзува нашите напори за намалување на јаглеродниот отпечаток, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев.

По повод потпишувањето на Договорот, Штефан Худолин, Раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Македонија рече дека забрзувањето на зелената транзиција никогаш не било толку блиску и толку возможна.

Реклама

-Со поддршката од Европската Унија и гаранциите на ЕФСР+ земјата ќе добие финансиски средства и технички насоки од нашите партнери во КфВ за да ја забрза трансформацијата и декарбонизацијата на енергетскиот сектор во Македонија. Оваа заедничка акција има трансформативен ефект за преминување од јаглен на зелена енергија, но истовремено придонесува за создавање на стабилен енергетски сектор во многу нестабилен климатски и геополитички свет, истакна Худолин.

Според амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, во последните 20 години Германија ја поддржува енергетската транзиција на јавните енергетски објекти во Македонија.

-Покрај финансискиот ангажман, развојната германска банка КфВ става на располагање и експертиза со техничко водство и управување. Декарбонизацијата е прашање на тимска работа, а Германија и КфВ се посветени на постојаната поддршка за Македонија на овој пат, рече Дрекслер.

Пабло Обрадор, директор за Југоисточна Европа и Турција, нагласи дека енергетската транзиција бара подготвени енергетски компании кои ќе можат да се справат со предизвикувачките услови.

-Со овој проект, КфВ ќе ја поддржи трансформацијата на Електрани на Македонија (ЕСМ), која ќе им овозможи подобро позиционирање и ќе им помогне да ја подобрат својата ефикасност и подготвеност за пазарот, потенцира Обрадор.