Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

„Есенско пазарче“ во кумановско Ново Село со локални производи и традиционални вкусови

Во кумановското село Ново Село на 25 октомври, со почеток во 10:30…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во кумановското село Ново Село на 25 октомври, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи традиционалната манифестација „Есенско пазарче“, во организација на Здружението за локален и рурален развој, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за поддршка на саеми. Целта на настанот е промоција на локалното производство, домашните производи и развојот на селскиот туризам. Посетителите ќе имаат можност да разгледаат и да купат локални производи, свежи зимници, месни и млечни преработки.

– Здружението постои пет години, а организираме два сезонски настани – пролетен и есенски, и се занимаваме со развој на селскиот туризам. На овој пазар ќе се промовираат мали производители на локални производи од кумановското поднебје. Целта е да ја доближиме нашата разновидна храна до пошироката јавност и да им покажеме на граѓаните дека старите и подзаборавени вкусови треба да се вратат на нашите трпези – изјави Роза Трајковиќ, претседателка на здружението и коорганизаторка на настанот.

Организаторите најавуваат побогата понуда и поширок избор на изложени производи и ги повикаа граѓаните на Куманово и околината да ја посетат манифестацијата.  Манифестацијата е можност за претставување на малите локални производители, промоција на домашната храна и поддршка на руралниот развој.