Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

АмЧам: Посилна заштита на интелектуалната сопственост преку активно Национално координативно тело 

Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) вчера во Скопје организираше тркалезна маса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) вчера во Скопје организираше тркалезна маса посветена на унапредување на заштитата на интелектуалната сопственост. Во фокусот беше улогата на Националното координативно тело и можностите преку неговата работа да се обезбеди поефикасна заштита во оваа област. 

На настанот учествуваа претставници од институции, деловната заедница и стручната јавност, а поздравни обраќања имаа Барнабас Биркеланд, претставник на Амбасадата на САД во Македонија, и Едвал Зото, програмски менаџер во Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE). 

„За компаниите е исклучително важно да постои координиран систем што ги штити нивните иновации, брендови и инвестиции. Ефикасната заштита на правата од интелектуална сопственост создава сигурност и охрабрува  инвестирање во нови производи, технологии и креативни решенија, и силно придонесува за фер пазарна конкуренција. Националното координативно тело може да има значајна улога во овој процес, а АмЧам е подготвен да придонесе со експертизата и практичните искуства на своите членки, во партнерство со надлежните институции“, вели Јелена Арсовска, извршна директорка на АмЧам. 

Реклама

Во централната дискусија, модерирана од Ана Пепељугоска, претседателка на Работната група за интелектуална сопственост при АмЧам, учесниците се согласија дека Националното координативно тело, кое во минатото покажало значајни резултати, има потенцијал повторно да придонесе за поефикасна заштита на интелектуалната сопственост. 

Како главни приоритети беа издвоени редовното функционирање на Националното координативно тело, воспоставувањето систем за централизирана размена на информации меѓу институциите, организирањето обуки за институциите, како и подигањето на јавната свест за значењето на интелектуалната сопственост. 

За овие приоритети да се преточат во конкретни резултати, важно е работата на Националното координативно тело да се темели на јасна годишна програма, со утврдени цели, одговорности и следење на реализацијата. Притоа, особено значење имаат активната институционална поддршка и проактивниот пристап што ќе обезбедат континуитет во неговото функционирање. Само на тој начин, телото може да придонесе за поефикасна заштита на правата и посигурна деловна средина. 

„Заштитата на интелектуалната сопственост е наш заеднички интерес: на државата, на бизнис-заедницата и на секој граѓанин. Денешната дискусија покажа дека постои силна волја кај институциите и кај приватниот сектор да се работи заедно. А кога има волја, има и начин“, заклучи Ана Пепељугоска, сумирајќи ја дискусијата. 

Настанот се одржа во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за застапување за ефективно вклучување во креирањето политики“, поддржан од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE) од Вашингтон, а спроведуван од Американската стопанска комора во Македонија.