Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Електричните тротинети наместо помош, главоболка за скопјани

9 денари минута. Гледав како си отчукува а не можев да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

9 денари минута. Гледав како си отчукува а не можев да го исклучам. И така беше дваесетина минути, невиден стрес и нервоза. Ова е искуството на Скопјанец со тротинетите за изнајмување на БинБин.

„Кога завршив со возењето и сакав да се одјавам апликацијата не ми дозволи. Ми викаше дека немам доволно пари. Се обдиво да го доплнам кредитот од три различни картички но не прифаќаше ниту една. Во меѓувреме долгот само се зголемуаше. Дури по некое време самиот се исклучи но сега ми стои дека должам 200 денари“, раскажува корисник на тротинет БинБин.

Најголем проблем, според Скопјанецот кој се обрати до нашата редкација, е што воопшто не можел да најде телефон за контакт и да се обрати до фирмата која ги изнајмува.

Реклама

И за нас беше предизвик да стапиме во контакт со компанијата БинБин. Телефонски број или електронска пошта нема ниту на тротинетот, ниту пак на апликацијата. За помош, на неа има само категорија со најчесто поставувани прашања, преку кои е тешко изводливо да надминете дел од проблемите.

Ако побарате контакт информации на интернет пак, ќе наидете на форуми каде и други корисници бараат начин да искомуницираат со компнијата, бидејќи се соочиле со слични проблеми.

„Дел од корисниците ги отстрануваат овие картички од тротинетите, на кои стои телефонскиот број, на кој може да се јавите, доколку се соочите со технички или софтверски проблем со овие возила“.

ТВ Алфа успеа да искомуницира со компнијата, само поради среќна околност. На терен затекнавме еден од сервисерите, кој не поврза со раководството. Менаџерот на компнијата БинБин, Висар Дурак, вели дека електронските паричници на апликацијата може да отидат во минус, поради безбедносни причини.

„Ако патувате 3/4 или 5 минути, а вие имате само 10 или 20 денари, системот ви дава можност вие да возите, но, поради безбедноста, не дава да се исклучи, бидејќи може да настрадате. Поради тоа, кога ќе пристигнете на одредено место и сакате да се одјави, системот не дозволува, бидејќи имате долг“, вели Висар Дурак, менаџер на БинБин.

Оттаму велат дека може да се случи, некој корисник да не може да го исклучи тротинетот поради слаба интернет конекција, празна батерја на телефонот и други разни фактори. Во тој момент, граѓаните можат да побараат помош на бројот 02/320-4268, каде постои опција да им бидат вратени парите или потрошените минути за возење. Тротинети на јавни повришини, наменети за широка употреба, иако можеше да се видат по европските главни градови од многу поодамна, во Скопје се појавија пред околу 1 година, по што дел од корисниците наидоа на остра критика од јавноста, бидејќи голем дел од возилата беа оштетени, фрлани во реки и езера или украдени уште во првата недела откако им беа претставени на скопјани.

Никола Цветкоски