Реклама
Прилози

Експертите препорачуваат: На автопатот Кичево Охрид да се работи под рефлектори во три смени

Автопатот Кичево Охрид ги одвраќа туристите од Европа, а неизградената пруга кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автопатот Кичево Охрид ги одвраќа туристите од Европа, а неизградената пруга кон Бугарија удира по стопанството наместо Македонија да ги поврзе Албанија и Црното море, забележуваат дел од експертите откако во јавноста повторно се отвори темата за одговорноста на поранешната власт за лошата патна и железничка инфраструктура.

Недомаќинското и неодговорното работење со проекти за автопати и железнички пруги изминативе години удри по туризмот, економијата, но и по безбедноста на граѓаните, коментира професорот за сообраќај од Битопскиот технички факултет, Стоимко Златковски.

Професорот забележува дека изминативе години јавноста слушала многу ветувања, но на терен се гледа дека ништо не е направено. Во однос на автопатот Кичево Охрид тој препорачува да се работи под рефлектори во три смени и Македонија повеќе да нема загуби.

Реклама

Зошто досега ништо не е направено и дали има злоупотреби на народни пари за пругата кон Бугарија и автопатот Кичево Охрид, одговори треба да даде Основното јавно обвинителство. Извештајот на државните ревизори којшто констатираше ризици од арбитража како и зголемување на вредноста на проекти од милионски суми веќе е на проверка во рацете на обвинител.

Министерот за транспорт Александар Николоски се повика на државните ревизори и обвини дека поранешната власт сакала да ја гради најскапата железничка пруга на свет што води во тунел без излез, но и дека директорот на државни патишта работел недомаќински при што цената за автопатот Кичево Охрид е зголемена за 175 милиони евра.

Актуелниот директор Ејуп Рустеми ги оценува како неточни и неосновани обвинувањата на министерот.

Сепак, автопатот Кичево Охрид досега чини 446 милиони евра, потребни се уште речини двесте, а на терен со години речиси и да не се работи ништо.