Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Експертите бараат железницата кон Бугарија што поскоро да се реализира

Поголема трговска размена со Бугарија и земјите во регионот, пообемен карго транспорт,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема трговска размена со Бугарија и земјите во регионот, пообемен карго транспорт, зголемени приходи на Македонски Железници, побрз транспорт на патници. Придобивките од железничкото поврзување со Бугарија се многукратни. Аналитичарите велат дека е добро што со потпишувањето на договорот за изградба на заеднички железнички тунел близу преминот Деве Баир се откочува изградбата на пругата на Коридор 8. За да забрзаат градежните работи на терен силно лобираат НАТО и Европската унија, која пак целосно го финансира проектот за меѓуграничниот тунел.

Од предолги тендерски постапки, избор на изведувачи без доволен капацитет, дополнителни и непредвидливи работи во текот на градбата, преку зголемена потреба за експропријација, до недоволно машини, опрема и луѓе – сите овие причини доведоа до пролонгирања и пробивања на роковите. Третата фаза од Крива Паланка до Деве Баир е најпроблематична поради непристапниот терен – велат експертите. Проектирањето на трасата од 24 километри траело дури 8 години. Токму поради тоа што не се знае на каков карпест предел ќе се наиде и од каков состав е, не можело точно да се утврди цената на чинење на заедничкиот тунел и колку тој ќе чини. Цената ќе зависи од големината на попречниот пресек на тунелот, составот на карпите и дали ќе се наиде на подземни води. Поради должината на тунелот од два и пол километри ќе треба да се направи и галерија за евакуација. На глобално ниво, цената на ваквите проекти достигнува и до 50 милиони евра за километар.

Железничкиот коридор 8, се гради во три фази и досега трае повеќе од една деценија. Првата фаза од Куманово до Бељаковце се градеше 11 наместо 3 години и конечно беше пуштена во употреба во јануари годинава. Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка треба да заврши во октомври 2026-та, но Владата не е задоволна од динамиката на градење на изведувачот. Предизвиците на оваа траса треба тековно да се надминуваат. За најсложената трета фаза од Крива Паланка до граница, во декември ќе с ераспише тендер за изведувач и предвидено е да чини 560 милиони евра. Граѓаните и фирмите чекаат на железничко поврзување со Бугарија од независноста на државата досега.