Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Експерти: За поздравување е градбата на патишта и во зимски услови

Прв пат после половина век, во Македонија се применува асфалтирањето во зимски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прв пат после половина век, во Македонија се применува асфалтирањето во зимски услови,на минусни температури и ноќе. Со законски измени,се смени формулатата за асфалтирање и овој метод се применува во изградбата на автопатската делница од Охрид до Врбјани, во должина од околу 40 километри. Тоа ќе овозможимногу побргу да се завршуваат градежните зафати кога е во прашање градење на патната инфраструктура,посебно оваа на која се работи полни 10 години, велат експертите.

 “Има земји што се на север каде што скоро и да нема лета, има поубави патишта од нас.Тие проблемот со асфалтирањето го решаваат со примена на адитиви.Само да отворите по страниците на големите производители на адитиви BASF,германската производителна хемиска индустрија производител на адитиви, ќе видите колку има адитиви за асфалт кои се променуваат за асфалтирање при ниски температури.Дури велат дека новите адитиви го намалуваат и карбонскиот отисок, значи се многу поеколошки одошто да се асфалтира без адитиви”-вели Проф.Илиос Вилос,Тенички факултет Битола

Македонија во минатото ги следеше иновативните решенија кои се применуваа во светот, за илустација пред 25 години со примена на ладна асфалта смеса беше ревитализиран пратниот правец Прилеп-Битола,така што за поздравување е нови методи кои ќе овозможат поврза но и поквалитетна изведна на патиштата, вели професор Вилос.

Реклама

При вчерашниот увид на градежните работи, министерот за транспорт и врски кажа дека дека со голема мобилизација се реши меѓудругото и проблемот со асфалтирање, бидејќи преку една година не се асфалтирало заради законски пречки.Тој истакна во каква состојба ја затекнале изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

 “Не во лоша во никаква, ништо не се работеше преку една година немало никакво асфалтирање со образложение дека има технички проблеми, ние тие технички проблеми за две недели ги решивме, направивме многу едноставни измени на законот и со тие измени гледате дека се работи. Јас првиот ден кога станав министер ги повикав сите умови во Македонија кои што знаат да дадат решение, ги ангажирав нив, заедно со експерти од странство да се најдат решенија и решенија се наоѓаат”-вели Александар Николоски,министер за транспорт и врски Инаку  делницата од 57 километри  почна да се гради во фебруари 2014-та година а до сега се пробиваа сите зададени рокови. Според проекциите,автопатот Охрид-Кичево треба да биде готов до крајот на 2026-та.Поголемиот дел од делницата од Охрид до Пресека ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на летото.

Росица Голабоска