Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Експерти: Техничката влада функционира само за да се задоволат апетитете на ДУИ, треба да се укине

Политичкиот потреби на ДУИ и коалицискиот договор се издигнаа над политичкиот консензус,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичкиот потреби на ДУИ и коалицискиот договор се издигнаа над политичкиот консензус, чиј наратив е дека техничката влада стана излишна и непотребна. Само за интегративците да добијат премиер – Албанец, моделот на „пржинската“ влада се повторува и пред овие избори.

Експертите согласни – формирањето на техничка влада испраќа порака дека Македонија е несериозна држава. Велат, изгледаме како да не можеме соодветно да спроведеме избори, што е основен демократски процес.

Политиколог Димитар Николовски е убеден дека повеќе нема потреба од формирање техничка влада и потребно е да се укине.

Реклама
  • „Јас би рекол дека дефинитивно е исцрпена, дека нема потреба веќе за техничка влада, меѓутоа можеби поради некоја инерција, особено од страна на власта во овој момент, не вложиле напори тоа да го променат, да го тргнат. Иако мислам дека има доволно сигнали од опозицијата да биде тргнат.“ – Порача политологот и аналитичар, Димитар Николовски.

Тој додава дека очекува ова да се последните избори како во Македонија се формира техничка влада предизборно, бидејќи повеќе нема потреба од неа.

Политолог Џенур Исени пак, појаснува дека техничка или експертска влада се формира во кризни моменти, кога општеството се соочува со политички, воени или други предизвици за кои е потребно единство. Пржинската влада, која се формира за да се избегнат изборни нерегуларности, се сомнева оти ќе го направи спротивното, бидејќи ќе ја предводи токму Талат Џафери.

  • „Идниот технички премиер, Џафери, во изминатите недели правеше пречки за да се оспори и да не се изгласа член од албанската опозиција во државната изборна комисија, што законски му следува. Сето ова покажува дека овие избори ќе бидат матни и ќе има обид за манипулација на иститие.“ – Појасни политологот и новинар, Џенуир Исени.

Тој порачува оти одговорноста за организирање избори мора да се врати во политичка, избрана влада, за кај граѓаните и меѓународната јавноста да врати довербата оти Македонија е способна да спроведе основни државни процеси.

Експертите велат дека нема друг пример во пошироки рамки, каде на демократска држава и е потребна широка влада, само за да оддржи изборен процес, што е голем срам за држава со демократско државно уредување.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со месеци бараше да се донесат законски измени и да се укине техничката Влада, но СДСМ и ДУИ тоа не го прифатија, пред се поради нивниот коалициски договор во последните 100 дена од мандатот Македонија да ја предводи премиер предложен од ДУИ.

Никола Цветкоски