Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Eксперти: Полицијата да продолжи со пресметката со подземјето, но и да расчисти со кртовите во своите редови

Растурени картели, уапсени криминалци, убијци вратени во затвор каде им е местото.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растурени картели, уапсени криминалци, убијци вратени во затвор каде им е местото. Министерот Тошковски од старт како седна во фотелјата на Илинденска, најави дека нема да има трошка милост кон организираните криминални групи и разбојниците и почна да води силна борба против криминалот и корупцијата.

Досега беа изведени десетици полициски акции на МВР во кои беа елиминирани и уапсени познати криминалци и нарко босови, а како клопчето се одмотуваше низ процесите, дел од нив се покажа дека соработувале и биле врзани со полициските служби инсталирани од минатата власт.

За поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, ваквите акции покажале дека владата влезе отворено во борбата против се она што се смета за безаконие и е на добар пат во расчистувањето со криминалот и корупцијата.

Реклама

„Владата има и капацитет и знаење и стручност да се справи со овој вид на криминал. Како што се случаите со Лотарија на Македонија, делот од случајот со ЕСМ и оној дел кој заврши во набавката на адитиви, исто така отпочната истрага во обвинителството во Битола во делот на оние јавни набавки на мазут и јаглен, оние истраги и предистраги што беа спроведени во делот со испумпувањето на парични средства од УЈП со поврат на ДДВ, нели тоа беше во Струмица со Крмзов на непознати фирми“, изјави Ѓурчевски“, вели Ѓурчевски

За последниот случај со апсењето на Штекли, Ѓурчевски вели дека неговиот живот би можел да биде загрозен доколку биде ставен во затвор на исто место со неговите непријатели. Советува да се внимава на него додека трае судскиот процес, затоа што во спротивно може да биде ликвидиран.

„Тие пресметки нели Раде Штекли беше маркиран како лице кое што требаше да биде ликвидирано. И затоа јас би советувал, би кажал мое мислење дека е добро да се внимава на него додека е во притвор затоа што таму ќе се соочи со тие лица кои што исто така се од тој клан“, изјави Ѓурчевски.

Јавна тајна е дека корупцијата копа длабоко и во МВР. Поради тесната поврзаност на криминалците со полициските служби од претходната власт на СДСМ и ДУИ, потребно е расчистување со кртовите и реформи во службите.

Ѓурчевски не очекува опозицијата да биде конструктивна, особено поради тоа што поголем дел во оваа пратеничка група има осомничени лица против кои се водат истражни и предистражни дејства.

Сепак очекувањата на сите се дека ваквите акции и битката со криминалот и корупцијата ќе продолжат, за што МВР и министерот Тошковски имаат јасно „зелено светло“ и од експертите, но и од граѓаните.

Љубиша Владимиров