Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

ЕКСПЕРТИ: Одлуката на Уставен е исправна, долговите не треба да застаруваат

Сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, па зошто да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, па зошто да се толерираат оние кои не ги плаќале долговите навреме, коментира дел од правната фела откако Уставен пресече – нема застарување на извршувањето на долгови, коишто претходно согласно последните измени на Законот за облигациони односи требаше да застаруваат за 10 години.

Во однос на ланските измени на законот со кои каматата не може да го надмине долгот, адвокатот Александар Тумановски вели дека се исправни, но во однос на застарувањето на долговите појаснува дека Уставен е во право бидејќи на тој начин се обезбедува економска и правна сигурност на доверителите.

Потегот на Уставен го осудија здруженијата по чија иницијатива беше изменет Законот за облигациони односи. Велат одлуката е на штета на илајдници граѓани, а очекуваат реакција од Владата и Собранието.

Реклама

Тие уште минатата недела ги повикаа судиите да не дозволат повторно извршувањата да не застаруваат и истакнаа дека е сомнително тоа што Уставниот суд еднаш не поведе, а потоа го оспори истиот закон.

Според брифирањето на уставните судии, тие воопшто не се занимавале со роковите. За судот спорно било што законот почнал да важи веднаш, па доверителите немале време да се прилагодат. Забележуваат и на ретроактивноста на законот со што ги застарело веќе почнатите постапки за извршување.

Од Уставен велат дека Собранието може веднаш да донесе нова одлука, но како што велат, треба да внимава на рокот во кој ќе почне примената на законот, но и да води сметка за рамноправност на должникот и доверителот.

Здруженијата на граѓани пак се сомневаат дека зад одлуката на Уставен стојат интереси на големи компании кои бараат наплата на заостанат долг.