Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Експерти: Немоќни да ја извлечат Бугарија од политичка криза, партиите се обидуваат да „ќарат“ некој глас на сметка на Македонија

Поени кај бугарското гласачко тело  – тоа е целта на декларацијата поднесена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поени кај бугарското гласачко тело  – тоа е целта на декларацијата поднесена во бугарскиот Парламент од партијата на Костадин Костадинов. Политичкиот амбиент е зовриен,  а Македонија се користи како тема за препукувања помеѓу партиите кај нашиот источен сосед. „Преродба“ на Костадинов ја поднесе декларацијата во која се наведува дека македонските владејачки фактори давале провокативни и навредливи изјави кон Бугарија и во истиот се изнесуваат стравувања  за исполнувањето на францускиот предлог.

  • „Требаме да имаме предвид, најавени се избори, политичкиот амбиент е зовриен, реално и треба да очекуваме дека тоа е дел од политичкиот преизборен амбиент во Бугарија. Очигледно дека станува тема во политичката кампања во Бугарија и очекувани се потезите со оглед на се што се случува односи помеѓу Македонија и Бугарија. Вистинската штета е направена со прифаќање на францускиот предлог, и очекувањата кои ги имаа од истиот“ рече Јанкуловски Звонимир – поранешен амбасадор.

На Бугарите не им се допаѓа ниту новиот состав од македонската страна во Историската комисија. Спорд првиот човек на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров овој состав ќе го заострел тонот помеѓу Скопје и Софија.

  • „Во моменти кога нашите разговори добиваа малку поостар тон, им кажав дека ја напуштаат научната област и се однесуваат како чувари на митовите. Многу ме интересира новиот состав, кој очигледно ќе ја следи линијата што ја повлече новата влада, што повеќе може да направи од дополнително зацврстување на оваа теза и ваквото научно однесување на претходниот состав на комисијата. Згора на тоа, барем двајца од новите членови ни се познати“, вели Димитров.

Во правец на ова, ексамбасадорот Јанкуловски посочува дека новиот состав има поразлични ставови од претходниот, па оттука Бугарија ова го гледа како нов почеток на преговорите без тие да ги имаат конците во раце.

Реклама
  • „Новиот состав се доживува како нов почеток за кој тие не знаат како ќе почне. Не би вложувал во нивните очекувања од составот на новата комисија, сепак се работи за луѓе кои се во науката, поинаку размислуваат од претходниот состав и имаат различни гледишта во историските прашања“ вели Јанкуловски.

По назначувањето на новите членови од македонската влада, комисијата за историските прашања која произлезе од Договорот за добрососедство нема оддржано состанок, но бугарската страна веќе се впушти во оценување на компетентоста .