Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Експерти: Многу ветувања и фалби за нула резултати во борбата со корупцијата

Многу ветувања и фалби, а резултатите во борбата со корупција се нула.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу ветувања и фалби, а резултатите во борбата со корупција се нула. Обвинителството под полна пареа во борбата со справувањето на организиран криминал, но откако американската амбасада објави дека постојат докази за криминал, а македонските институции не го гледаат. Последниве случувања со новите имиња на црната листа на САД, акцијата „Адитив“ и историскиот брифинг на државниот обвинител на којшто покажа ажурност и посветеност, се поразителни за правораздавањето на граѓаните во Македонија. Вака припадници на правната фела го оценуваат разбудениот државен обвинител кој после бројни опомени реши да гони корупција. Поранешниот обвинител Воислав Димоски не е оптимист дека Обвинителството ќе покаже вистинска борба со корупцијата. Секоја реформа во било кој сектор со истите кадри, нема да биде спроведена, тврди тој.

Погубно е за граѓаните и нивното право на правда во државата кога Обвинителство оформува предмет откако Стејт Департментот на САД ја дополнува листата за Македонија, коментира адвокат Сашко Дуковски. И тој исто така не гледа оптимистички дека со овие кадри народот ќе живее во општество без корупција.

Имено, Обвителството се пофали дека работи на речиси сите коруптивни скандали за кои медиумите известуваат. За внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети и трговскиот центар Соравиа, надзорот на Бехтел и Енка, случајот со Лотарија и сомнителните лиценци за онлајн игри на среќа, опожарената модуларна болница во Тетово во којашто загинаа 14 лица, а се уште официјално виновник е кабелот.Ова се само дел од пред истрагите и истрагите за коишто државниот обвинител Љупчо Коцевски, заедно со шефот на Организиран Ислам Абази и шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски се пофалија дека активно ги работат.

Реклама

Првиот човек на обвинителството Коцевски најави дека наскоро пред јавноста ќе бидат презентирани конкретни резултати, од ноформираното одделение за сложен и сериозен криминал. Ќе се апсат осомничени за финансиски криминал, корупција и за други тешки кривични дела.