Власта тргна со сите оружја во борбата со корупцијата. Ако најавите резултираат со пријавување од граѓаните и правовремена реакција на институциите Македонија брзо ќе дојде и до „нулта корупција“. Експерти коментираат дека пораките кои ги испраќа премиерот Мицкоски за отворено пријавување на корупција од сити функционери и јавната администрација можно е да наиде на отпор кај пониските ешалони но секако народот мора да помогне да се стави крај на девијатното однесување.
- „Дефинитно секоја најава за борба против корупцијата е за поздравување. Очекувам конекретни чекори и конкретен начин и на нивно реализирање. Македонија уште од незавиноста па и претходно има проблем со корупцијата и нерегуларности при бројни активности. Тоа го гледаме во принципот на вработувањата и унапредувањата, и на кариерниот раст и на тендерите на јавните набавки.. Најавата од овој тип од страна на премиерот, ја гледам за поздравување, прашање е колку тоа ќе наиде на отпор кај пониски ешалони на луѓе, и колку декларативно самиот народ кој вели дека е за борба против корупцијата ќе дозволи тоа да се реализира затоа што самите сме свесни дека за корупција се потреби двајца. Еден што дава корупција, и друг што ја прифаќа играта односно ја прифаќа корупцијата“ вели Александар Ристевски.
Ристевски очекува и граѓаните да покажат колку сакаат борбата со корупцијата да се сведе на нула. Наместо да даваат мито, коруптивнте службениците да ги пријавуваат а надлежните институции соодвено и брзо да реагираат.
- „Самата можност за пријавување на корупцијата и брзото реагирање на институциите ќе покаже колку оваа борба е реална и има желба со истата да се справиме. Доколку профункционира линија, електронска, телефонска или било каква за пријавување, и институциите на системот, значи контролните механизми од типот на полицијата, инспекциските и надзорните служби и самата извршна власт решат да се справат со корупцијата ќе покаже дали имаме желба да се справиме со тоа“ вели Ристевски.
Ова не е прв пат премиерот Мицкоски децидно да најави нов пристап на Владата и без пардон за партнерите па дури и неговите сопартијци. На партискиот роденден додека Мицкоски се уште беше мандатар испрати идентични пораки: со засукани ракави на работа уште од првиот ден – наместо скандали како до сега, да испорачаат резултати и да ја оправдаат довербата од граѓаните.
