Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Прилози

Експерти: Добро е што Бугарија доби стабилна влада, но проблем е што ќе ја води политичар кој не ја сака Македонија

Скопје конечно доби вистински соговорник во Софија, стабилна влада која има легитмитет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје конечно доби вистински соговорник во Софија, стабилна влада која има легитмитет да преговара, но проблемот е што на чело на таа влада е политичар чии ставови кон Македонија се тврди, за некои дри и радиклани. Експертите со поделени мислења по убедливата победа на Румен Радев на изборите во Бугарија. Според едни, фактот што Бугарија по пет години политичка криза, конечно добива легитимна, но и стабилна влада, е шанса што треба да се искористи за да конечно се откочи процесот на евро-интеграција на Македонија. сепак, и тука треба да се биде внимателен во очекувањата.

„Конечно имаме влада која ќе биде вистински соговорник на Македонија, како во контекст на развивање на пријателските односи меѓу двете држави, така и во процес на, па би рекол, забрзување и откочување на ЕУ интегративниот  процес. Сепак, останува да видиме, прерано е да судиме во која насока ќе се движи новата влада на Бугарија на надворешнополитички план, особено во контекст на македонското прашање. Познавајќи ги приликите таму и генерален политички консензус околу ова прашање, не гледам вака дека промени ќе дојдат брзо. Очекувам позасилена улога на Европската унија во тој поглед и можноста да влијае на откочување на процесот“, изјави поранешниот амбасадор Звонимир Јанкуловски.

За разлика од Јанкуловски, поранешниот амбасадор Ристо Никовски е по-песимист и затоа не очекува суштински промени. Тоа што Софија ќе добие стабилна Влада според него само по себе нема да биде гаранција дека Бугарија ќе отстапи од нејзината негаторска политика кон Македонија.

Реклама

На овие избори и на следните 10-15 години кои и да победи, бугарската политика е зацементирана таа е вековна а тоа е негирање на се македонско… 01:11 „На пример, утре да го смениме Уставот, задутре тоа да стапи во сила и веднаш да ги почнеме преговорите со Брисел, па дури и да ги завршиме за три месеци, што мислите, дали нема да треба ратификација во бугарското собрание?“, изјави поранешниот амбасадор, Ристо Никовски.

Инаку, Радев е добро познат по своите анти-македонски ставови. Тој е првиот бугарски политичар кој, уште пред да биде финализиран францускиот предлог побара внесување на Бугарите во уставот, додека за време на неговиот мандат како претседател неа пропушташе прилика да удри по Македонија. од то дека македонскиот јазик има бугарско потекло, дека пред 1944 година сме биле ист народ, дека Илинденците треба да се слават и како бугарски херои и дека нашата историја е фалсификувана.