Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Економисти за Алфа: Новиот буџет нуди реални проекции за 2026-та година

Буџетот за следната година е скроен врз реални проекции – сметаат економистите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот за следната година е скроен врз реални проекции – сметаат економистите. Според нив, остварлив е економски раст од 3,8% и намалување на инфлацијата до 2 и пол отсто. Освен тоа, го поздравуваат потегот на Владата која се обврза да го продолжи процесот на умерено трошење и намалување на несуштинските расходи. Тие сметаат дека Министерството за финансии било претпазливо при кроењето на државната каса и ги имало в предвид економските ризици кои доаѓаат од санкциите кон Русија и геополитичките тензии. Затоа задолжувањето било исклучиво за враќање на стари долгови и за покривање на дефицитот, кој исто така се намалува споредено со 2025-та година.

Главен двигател на растот предвидено е да бидат капиталните и приватните инвестиции, како и зголемената потрошувачка поради повисоките плати и пензии. Фактот што капиталните инвестиции се намалени до нивото на 660 милиони евра, според универзитетскиот професор Синиша Наумоски е доказ дека тие се проектирани на реално ниво, односно дека толкав е капацитетот и навистина да се реализираат, а не само да завршат напишани на хартија. Поголем дел од парите ќе се потрошат за автопатите што ги градат Бехтел и Енка, за други инфраструктурни проекти, како и за инвестиции во одбраната согласно барањата на НАТО.

Повеќе пари ќе има и за исплата на пензии. За оваа намена вкупно ќе се потрошат 1,9 милијарди евра, или за речиси 10% повеќе. Највозрасната категорија граѓани во три наврати доби покачување од вкупно 6.000 денари во последната година и пол. За март 2026-та е предвидено зголемување од 1.000 денари. Уште едно покачување на примањата ќе имаат и следната есен, но се уште не се знае дали тоа ќе биде линеарно.