Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

Економијата во 2019-та

Во 2019-та eкономијата блескаше или стопанството беше во грч? Годината почна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2019-та eкономијата блескаше или стопанството беше во грч? Годината почна со пензиски скандал. Министерката Царовска откри дека 12 илјади идни пензионери биле оштетени за 19 милиони евра. Имаше пријава и до јавното обвинителство, но без епилог.

Функционерите на ангро си ги вработуваа најблиските. Секој нов ден излегуваше ново име на нечиј сопруг, мајка, татко, сестра, шурнајка кој се пикнал да работи во администрација. За функционерите немаше одговорност.

Секој ден фрчеа и огласи за нови вработувања во јавниот сектор. На обвинувањата за партизираност, министерот Манчевски дури и се пожали. За 10 години ниту еден член на СДСМ не можел да се вработи во администрацијата.

Реклама

Бизнисот се жалеше и на воведувањето прогресивен данок и на сивата економија и на ниското ниво на капитални инвестиции. Заклучно со ноември годинава реализацијата на клучните проекти достигна едвај 50% од планираното.

Странските инвестиции потфрлија. За 9 месеци влегоа едвај 131 милион евра. Германските инвеститори ја оценија Владата со нула. Веќе следниот ден, по средбата со Вицепремиерот, експресно ги ублажија ставовите.

Многу од градоначалниците недомаќински трошеа. Градоначалникот на Струга ги урна сите рекорди кога купи 4 коли од кои едно Ауди од 70 илјади евра.

Оваа есен, премиерот најави ад-хок зголемување на пензиите и до 900 денари, откако 3 години примањата на пензионерите речиси и да стагнираа. Заев се фалеше, но Вицепремиерот Анѓушев го спушти на земја. Не сме биле Швајцарија.

Меѓународните институции го критикуваа високото ниво на јавен долг и минималната плата од 14.500 денари. Бараа растот да биде проследен со зголемена продуктивност. Тоа не се случи, но Владата повторно предизборно го покачи минималецот.

Денеска е последен ден кога кај граѓаните треба да легнат парите од поврат на 15% од ДДВ. Владата тврдеше дека ќе се враќаат 50 милиони евра годишно. Епилогот за 3 месеци е поврат на само 3 милиони евра.

Незадоволни од политиките протестираа речиси сите – земјоделци, пазарџии, вработените во здравството, културата, наставниците, синдикалците…

Речиси и да немаше министер кој немаше слаби резултати или не беше поврзан со некој скандал. Премиерот со месеци ја најавуваше метлата, за на крај, единствениот „изметен“ да биде првиот финансиер Тевдовски, творецот на прогресивното одданочување. Откако премиерот неуспешно се обиде да стане министер за финансии, на крај во кабинетот влезе Нина Ангеловска. И го врати рамниот данок.

2019-та ја одбележаа и високите бонуси на обвинителите од СЈО, новите патарини, желбата на Град Скопје да го преземе парното од БЕГ, преговорите за трговските марки со Грција, најави за отпис на камати на долгови, нереализирани субвенции за коли, но и тужби од избркани инвеститори.

Годината изминува, буџетот се докрајчува или што би рекол премиерот:
„БАКЛАВАТА Е ИЗЕДЕНА, НО ТЕПСИЈАТА СТОО“

Тања Попова