Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

ЕК: Измените на кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корупцијата на високо ниво

Независноста, или воопшто начинот на кој функционира Судскиот Совет, изборот на обвинители…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независноста, или воопшто начинот на кој функционира Судскиот Совет, изборот на обвинители и судии, финансиската зависност во правосудството, како и контроверзните измени на кривичниот законик – остануваат да бидат најболните точки за кои Македонија добива остри критики од Европската унија. Во својот најнов извештај за владеењето на правото во Унијата, во кој за прв пат се вклучени и земјите кандидати од Балканот, стои дека и покрај реформите, во Македонија независноста на судството и институционалниот капацитет за негова заштита од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост.  Итно се потребни реформи.

  • „Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и независноста на Судскиот совет, иако се преземени чекори во овој поглед. Одлуките за именување јавни обвинители и судии беа критикувани од граѓанското општество дека не се сеопфатно мотивирани или засновани на објективни критериуми.“ – се наведува во Извештајот.

Според ЕК, проблем преставува и финансирањето на правосудсните органи, но и недостатокот на кадри, што влијае на ефикасноста на правосудниот систем.

  • „Ограничените финансиски средства доделени на судството може да влијаат на нивната финансиска независност, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата. Се развиваат дигитални алатки за управување со случаи. Ефикасноста на судството е намалена за првостепените граѓански, трговски и кривични предмети, додека таа остана стабилна за второстепените предмети, се додава во текстот.“ – Пишува во извештајот.

Во извештајот акцент е ставен и на корупцијата, за која што велат дека иако има закони за да се сузбие, не се спроведуваат доследно.

Реклама
  • „Големиот ризик од корупција останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво. Ограничувањата на ресурсите и недостигот на соработка меѓу националните власти го попречуваат ефикасното справување со корупцијата и го попречуваат воспоставувањето на стабилна евиденција за случаи на корупција на високо ниво“ – Се додава во документот.

Меѓу другото, од комисијата велат дека, политичката поларизација во македонското Собрание предизвикало доцнење на носењето закони, што довело до „прекумерна, а понекогаш и несоодветна употреба на забрзани законодавни процедури“.

Никола Цветкоски