Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Eдукативни настани за превенција и лекување на ракот на дојка

Расте бројката на пациенти заболени од рак на дојка. Последните податоци покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројката на пациенти заболени од рак на дојка. Последните податоци покажуваат дека секоја година бројката на жени помлади од 50 години се зголемува за 1 % на годишно ниво на светско ниво . Оттука здруженијата во Македонија алармираат за поголема свесност кај жените за редовни прегледи, но и подобрување на условите во здравствениот систем.  

Пациентките кои сe борат со опасната болест бараат проширување на позитивната листа на лекови, за да може терапијата да им биде достапна на сите и нови протоколи на онкологија со цел не само да им се олесни на пациентите, туку и на лекарите .

„На нашата листа на барања која беше веќе доставена до Министерството за здравство, првото место го заземаат лековите, односно промената на позитивната листа, нешто што го зборуваме со години“, вели Ана Маријановиќ пациентка и дел од здружението „Хемо Онко“.

Реклама

Онкологот, Гордана Петковска посочи на преопртереноста на клиника, но и покрај тоа ниту еден пациент не бил вратен или ставен на листа за чекање. Таа го посочи и проблемот со регистарот на пациенти во Македонија, на кој се работи во моментов и кој во иднина треба да ја покаже статистичката состојба на заболените од канцер во Македонија.

„Заради тој регистар на рак кој се уште е во зародиш и кој што се уште не може да ни ги даде оние бројки какви што се“, рече Гордана Петковска специјалист онколог на Универзитетската клиника за радиотерапија онкологија.

И претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова денес им даде поддршка на пациентите со рак на дојка на најстанот организиран од здружението „Хемо – онко“ во градскиот парк.

„Како ќе ги поддржувам сега мирно, а во иднина може и радикално, на протести“, изјави претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова.

И во организација на Министерството за здравство се одвива национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“. Ваквата кампања има за цел да ја подигне свеста за рана превенција и откривање на рак на дојка. Од Институтот за радиологија апелираат сите жени над 40 години без разлика на симтпомите да одат на редовни контроли.

„Прво да прават самопреглед секој месец после седмиот ден од циклусот ако  менструираат, ако не менструираат во одреден ден од месецот, без разлика дали имаат тврдина или не треба да направат базична мамографија“, вели професор Јакимовска Димитровска Мајка од институтот за радиологија

Ракот на дојката е втора по честота причина за смрт од заболувања кај жените. Благодарение на развојот на науката и здравствените системи во светско ниво, бројката на смртни случаи на годишно ниво во светот е намалена за 40%.

Љубиша Владимиров