Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Едуард Хабсбург: Силно го поттикнуваме приемот на Македонија во Европската Унија

Едуард Хабсбург – Лотринген, унгарски дипломат и висок член на австриското и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едуард Хабсбург – Лотринген, унгарски дипломат и висок член на австриското и пан- европско кралско семејство, изрази силна поддршка за приемот на Македонија во Европската Унија. Хабсбург до неодамна беше амбасадор на Унгарија во Ватикан, а сега е амбасадор на унгарската Влада за семејни и црковни прашања, а воедно е и често присутен во американските конзервативни кругови. Во разговор на конференцијата CPAC, Едуард Хабсбург упати порака дека Македонија треба итно да се интегрира во Европската Унија.

– Не сум во позиција да давам официјални изјави на оваа тема, но можам да кажам дека Унгарија силно го поттикнува приемот на сите држави од западниот Балкан во Европската Унија што е можно поскоро. Унгарија притиска за интеграција на тој дел од светот, и силно го поддржуваме тоа. Би кажал дека земјите од западниот Балкан работеа долго и напорно да влезат во Европската Унија и некогаш мислам дека ентузијазмот во Брисел не е толку силен како што би требало да биде. Исто така и Ватикан, каде што работев десетина години, силно, силно притиска за тоа. Светата Столица е многу посветена на приемот на Балканот, изјави Хабсбург.

Најпознатото европско аристократско семејство со децении го вложува своето влијание во Европа кон интеграцијата на источните и јужните европски држави, преку Пан-Европската Унија, каде Ото фон Хабсбург беше еден од основачите и клучните двигатели.