Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Една птица пролет не носи – Антикорупционерите разочарани од Обвинителството

Една птица пролет не носи. Антикорупционерите отворија бројни случаи, но обвинителството ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една птица пролет не носи. Антикорупционерите отворија бројни случаи, но обвинителството ги игнорираше. На крајот од мандатот, актуелниот состав даде отчет за сработеното досега.  56 завршени случаи за кои имаат докази,  но нула резултати во борбата против корупцијата заради односот на правосудните институции.  Залудни им се доказите и за други 59 предмети за утврдување одговорност на раководни и службени лица бидејќи за ниту една иницијатива нема обвинителска одлука, соопшти претседателката Билјана Ивановска на последниот брифинг со новинарите.

Антикоруционерите горди на себе го завршуваат мандатот, но се разочарани што ниту еден функционер за кој имаат докази, не застана пред лицето на правдата.

САД препознаа корупција кај Рамиз Мерко и Кочо Анѓушев, но Обвинителството и Судскиот совет ги изгнорираа иницијативите на антикорупционерите. Но, не се само некоку звучни имиња за кои антикорупциска собрала докази, на самиот крај на нивниот мандат велат дека за над 2500 предмети за кои имало сомневања, за ниту еден нема судска завршница.

Реклама

Запрашани за тоа која е целта на постоењето на оваа институција кога во борбата против корупцијата резултати воопшто нема, тие се согласни дека потребна е волја кај сите надлежни институции да постапуваат, а исто така и политичка волја за земјава да почне да се чисти од корупција.

Мандатот на овој состав завршува на 8 февруари, кога стапува на должност новиот состав на чело со Татјана Димитровска, дипломирана економистка од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Во новиот тим доаѓа и судијката  Софија Спасова-Медарска, сопруга на адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарск и, двајца досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи. Во составот се и ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

https://youtu.be/Hpt8WQOcxm8