Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Една по една се повеќе земји од ЕУ ја разбираат апсурдноста на бугарските уцени и застануваат зад Македонија

Расте бројот на земји членки на Европската Унија кои отворено застануваат зад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на земји членки на Европската Унија кои отворено застануваат зад Македонија и ја критикуваат Бугарија за апсурноста на нивните барања, а самата Унија дека врши преседан на европските вредности. Ваквата промена може полека да ги сврти коцките на наша страна. Според експертите, ваквите позитивни сигнали се должат на владината дипломатска офанзива, која покажува дека како држава имаме интегритет и цврст став.

-Во Европа расте свеста дека она што се случува со Македонија е состојба без преседан и дека не е она што беше замислено како патека за интеграција во Евроспката Унија. Мислам дека е добро што како држава и дипломатија покажуваме интегритет и со новата Влада имаме цврст став кој не е како порано кој варираше и на прилично субмисивен начин се потчинуваше малтене на секое едно барање кое доаѓаше од надвор, изјави Дабиќ.

Последен во низата беше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој од Скопје отворено порача дека не треба да си дозволиме да бидеме жртва на уцени и изнуди за членство во Унијата. Но, поддршката за Македонија расте од се повеќе држави во Европската Унија. Пред изјавата на Милановиќ, поддршка и понуда директно да посредува во спорот меѓу државава и Бугарија понуди премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Па дури и еврокомесарка Марта Кос пак порача дека сме тажна приказна поради условувањата кои ги добива. Дабиќ смета дека пораката претседателот на Хрватска е силна и ќе стигне до повеќе земји членки на ЕУ.

Реклама

-Пораката е доста силна, имајќи предвид дека ретко кој во дипломатијата, така отворено и така прецизно да внимавате, знаете каква е дипломатијата, во крајна линија секој има своја битка и секоја држава има свои интереси. Мислам дека оваа порака полека почнува да стигнува до се повеќе земји членки на Европската Унија, изјави Дабиќ.

Ставот на македонската Влада во однос на спорот со Бугарија е јасен, уставни измени се прифатливи со одложено дејство, односно при ратификацијата на членството во ЕУ, со цел да се спречат можни уцени од Софија низ преговарачкиот процес.

Матеја Петровски