Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Единственото средно училиште во Македонија за глуви нема кадар кој го знае знаковниот јазик

Наставниците не го познаваат знаковниот јазик во единственото средно училиште во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наставниците не го познаваат знаковниот јазик во единственото средно училиште во Македонија за деца со оштетен слух „Партенија Зографски“ – алармира Народниот правобранител. Од таму стигаат поразителни забелешки за функционирањето на школото. Околу 20 ученици ја следат наставата, а програмата ја предваат 19 професори.Ниту еден од наставниците не го познава целосно знаковниот јазик, само половина од нив го владеат јазикот на глувите од напредно ниво, а останатите се снаоѓаат како знаат и умеат. Загрижувачки е што глувите ученици, учат преку пишување на табла, но и со писмени содржини.А колку го владеат материјалот се докажуваат пред наставниците   со помош на останатите соученици кои се наглуви и имаат улога на толкувачи. Од кабинетот на Народниот правобранител со препораки – итно да се споведат реформи во училиштето за да се подобри наставната програма.

Толкувачите но и младите со оваа аномалија, бараат итни законски измени за да можат луѓето со оштетен слух да имаат по квалитетна настава. Се пожалија дека располагаат со многу мал фонд на зборови, токму поради тоа што наставата не се одвива квалитетно.

“Да се зголеми фондот на знаење на знаковен јазик на сите наставници без разлика во кое училиште работат, на образовните асистенти, родителите чиј деца се глуви за да можат да воспостават комуникација со своите родители” вели Стефан Ѓиков, здружение на глуви и наглуви „Млад знак“.

Реклама

Лицата со оштетен слух, се заглавени во системот, не можат ниту да се образоваат ниту да напредуваат… вели народниот правобранител. Од таму апелираат за поголема свест и инклузија на овие ранливи категории. И бараат од министерството за образование, итно да спореведе реформи во ДУЦОР „Партенија Зографски“- со тоа што соодветно ќе го едуцира наставниот кадар за предвање со знаковен јазик.