Реклама

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Прилози

Единаесет месеци затвор за таткото што нападна малолетни фудбалери во Штип

Единаесет месеци затвор, ваква казна доби родителот, кој на  24 август на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единаесет месеци затвор, ваква казна доби родителот, кој на  24 август на натпреварот помеѓу екипите на Брегалница и Башкими во во Штип, натепа двајца петнаесетгодишни играчи на домашната екипа.. Пресудата не е правосилна, бидејќи тече рокот на жалби пред штипскиот Апелационен суд.

 „Кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица, ја има донесено пресудат за обвинетиот Авни Абгулиј, од Скопје, за сторено кривично дело насилство, од член 386 став 4 од Кривичниот законик, е осуден на казна затвор од 11месеци. Пресудата не е правосилна, следи период на жалба до Апелацискиот суд“, информира портпаролот на Основниот суд, судијата, Сашко Георгиев.

На 43 годишниот маж, му се судеше по скратена постапка. Првото рочиште почна на 18 септември, но веднаш беше одложено, откако одбраната на обвинетиот побара преведувач на албански јазик со образложение дека тој не го говори добро македонскиот јазик и не го разбира обвинителниот акт.

Реклама

Инцидентот кој ја згрози македонската јавност, се случи во 89 минута  од натпреварот меѓу младинските екипи на Башкими и Брегалница,  откако судијата му изрече втор жолт картон и го исклучи од игра синот на тепачот. Незадоволен од одлуката најпрвин синот со клоци и тупаници се обиде да се пресмета со еден од фудбалерите. Тогаш, на терен влегол и таткото. И тој со клоци и тупаници продолжил да тепа двајца фудбалери на штипскатата екипа, кои со скршен нос и повреди на ногата завршија во болница. Видеото од инцидентот беше објавено на социјалните мрежи.