Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Еден загинат, четворица повредени во трагедија на градилиште во Кисела вода

Видов како паѓа дел од ѕидот, слушнав одрон од земја и наеднаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Видов како паѓа дел од ѕидот, слушнав одрон од земја и наеднаш во насипот видов една глава. Се се случи ненадејно во дел од секунда. Вака раскажува жителка на Кисела Вода која живее веднаш до градилиштето на кое изутринава животот го загуби еден работник, а тројца беа повредени. Несреќата ја гледала од нејзиниот прозор. Се симнала долу, се собрале луѓе и сите со лопати и со голи раце се обидувале да им го спасат животот на затрупаните работници.

Несреќата се случила околу 8 часот, при ископ на темели за станбена зграда. На местото веднаш интервенирале екипи на итната медицинска помош, полицијата и противпожарната служба. Прво се извлекле двајцата полесно повредени работници, потоа уште еден бил спасен, но за жал четвртиот работник бил без сигнали на живот. Спасувачките екипи сведочат дека била траорна глетката и целата акција на извлекување траела 40 минути.

Според информациите од здравствените власти, двајца од повредените имаат полесни повреди, додека еден е задржан на лекување со потешка клиничка слика. Тој има повеќе искршеници и во текот на денот ќе биде операн. Настраданите се од 24 до 45 годишна возраст. Покрај овие тројца кои биле донесени изутрината, во текот на денот донесен е уште еден повреден работник кој има лесни повреди.

Реклама

Јавен обвинител излегол на терен. Од обвинителството информираат дека направен е увид на лице место и телото е дадено на обдукција. Ќе ги истражуваат причините за трагедијата.

Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор, информираат од Јавното обвинителство.

И од МВР ја потврдија несреќата.

Случајот повторно го отвора прашањето за безбедноста на градежните работници и контролата на условите на градилиштата. По трагедијата, реагирале и жители на општината. Според нивните изјави, тие и претходно алармирале дека местото не е обезбедно и дека се наоѓа близу парк, каде постојано има деца.

Сопственик  на земјиштето и инвеститор на станбената зграда е близок член на семејството на поранешниот градоначалник Ивица Конески. Изведувач е компанијата Јакимовски ДООЕЛ.