Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

ЕБОР: Македонија ги зајакнува вештините на работната сила за праведна транзиција

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обележа успешно завршување на два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обележа успешно завршување на два проекта за развој на работната сила поддржувајќи ја Македонија во праведната транзиција на енергијата, со завршен настан и церемонија на доделување сертификати, која се одржа во Битола, се вели во соопштението од ЕБОР. 

Проектите беа имплементирани во соработка со Владата на Северна Македонија, државната компанија АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) и Инвестициската платформа за праведна транзиција на Македонија. Нивната цел е да ги поддржат работниците и заедниците кои се погодени од транзицијата на искористување на јагленот кон зелена енергија преку зајакнување на нивните вештини, подобрување на способностите за квалификување за работа и градење на отпорност во енергетскиот сектор.

Во двата проекта повеќе од 600 вработени на ЕСМ имаа бенефит од структурираните програми за обука, кои опфатија технички, менаџерски и меки вештини, вклучувајќи продуктивност, менаџирање на енергијата, лидерство, комуникации и инсталација на соларни панели. Иницијативите беа поддржани од Јапонскиот фонд за соработка и Блумберг-филантропите преку ЕБОР.

Реклама

Претставникот на ЕБОР за Македонија, Фатих Туркменоглу, се обрати на настанот и го истакна значењето на инвестирање во луѓето како основа за успешна енергетска транзиција и поддршка на земјата во справување со проблемот на иселување на населението преку креирање работни места. Тој истакна дека регионите како Битола и Осломеј играа централна улога во обезбедување национална енергетска сигурност со децении и дека работниците и заедниците мора да бидат поддржани во согласност со еволуирање на енергетскиот систем.

„Технологиите може да се сменат, но успехот на која било транзиција зависи од луѓето“, додаде Туркменоглу честитајќи им на учесниците што добија сертификати за завршување на програмите за обука.

Паралелно со развојот на вештините, ЕБОР инвестира во иднина на обновлива енергија на Македонија вклучувајќи развој на големи фотоволтаични постројки на поранешните окна на рудниците во Осломеј и Битола.

ЕБОР го најави промовирањето на транзициската платформа за жени во транзиција од јаглен за Северна Македонија во вредност од 150.000 американски долари, која ќе ги поддржува жените што работат во енергетскиот сектор, а се погодени од транзицијата.

Македонија е земја акционер во ЕБОР и комплетно се има посветено на целосната транзиција од јаглен до 2030 година под програмата „Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција“ (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform) усогласувајќи ги националната енергија и планирањето на климата со долгорочни климатски цели. ЕБОР останува посветена на поддршката на земјата во градење конкурентен, одржлив и инклузивен енергетски систем, кој не ги изоставува работниците и заедниците.