Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Е- Фактура за минимум ризик од злоупотреби и фиктивно работење – стартува пилот проектот

Буџетот во 2025 година бележи висока наплата на приходите. Со над 100%…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот во 2025 година бележи висока наплата на приходите. Со над 100% наплата од ДДВ, државната каса речиси како никогаш досега не била пополна. Највисока стапка на наплата е остварена во делот на Данокот на додадена вредност која стигна до 100.4 проценти, додека кај персоналниот данок, е 97%, информираат надлежните. За Владата ова е јасен показател за стабилноста и подобрената дисциплина во собирањето на буџетскитеприходи.Министерката за финансии,  Димитриеска Кочоска, смета дека резултатите се охрабрувачки.

„Потфрлено е во однос на неданочните приходи, тоа се приходите оние сопствени приходи на институциите, тоа значи самите газди не си ги прибраат своите приходи, а тоа се институциите кои имаат сопствени сметки. Акцизите се единствено нешто што е послабо наплатено, но не знам што не изненадува. Еве кој можеше да предвиди дека и ова што се случува во Венецуела, повторно цените на нафтата ќе останат ниски. Јас, не. Увозните давачки таму можеби процентот е малку понизок, иако во апсолутен износ тој е незначителен во однос на вкупните даноци. Таму имаме послаба реализација“, изјави министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.

Во насока на дополнително зајакнување на наплатата и сузбивање на сивата економија, Управата за јавни приходи започна со пилот-примена на системот е-Фактура. Директорката Петрова, повика ИТ-секторот активно да се вклучи во тест фазата и дека системот што го градат е државен и централизиран и функционира без посредници. Компаниите ќе комуницираат директно со УЈП, во реално време.

Реклама

„Ќе ги детектираме точно сите компании кои што очекуваат да бидат вклучени во оваа фаза и ќе почнеме со непосредни контакти со нив, да го следиме процесот на нивното прилагодување и тестирање на софтверот од нивна страна и секако нивните повратни информации“, изјави Елена Петрова, директор на УЈП.

Според УЈП, ваквиот модел е усогласен со меѓународните стандарди и ќе донесе поголема транспарентност, безбедност и ефикасност во работењето.

Во однос на задолжувањето, министерката Кочоска најави дека државната еврообврзница ќе се издава во два дела од по 500 милиони евра, со цел да се обезбедат поповолни услови за државата. Според неа, ваквиот пристап овозможува пониски каматни стапки и го намалува товарот врз идните влади, за разлика од сегашните обврски што се отплаќаат по значително повисоки камати.