Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

ДЗС: Безбедно отстранети две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна кај с. Алинци во Прилепско

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани две минофрлачки гранати од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна што биле пронајдени на локација каде што се работи на изградба на автопатот Битола – Прилеп.  Местото на минско експлозивните средства (МЕС) прво било обележано по што, тоа место, а  и поблиската околина ги проверува стручно лице за да провери дали има уште такви или други заостанати неексплодирани убојни средства (НУС).

Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, вчера попладне согласно стандардните оперативни процедури за НУС двете неексплодирани убојни средства ги подигна од месноста Каракли, кај с. Алинци во Oпштина Прилеп и ги складираше, за потоа да биде извршено нивно планско безбедно уништување на соодветна локација, полигон – соопшти ДЗС.   

Важно е да се знае дека при пронаоѓање на неексплодирани експлозивни средства (НУС), заради безбедносни причини е строго забрането допирање, поместување или манипулирање со пронајденото НУС. Неопходно е веднаш, по пронаоѓањето на неексплодирано убојно средство на било кој терен, тоа да биде пријавено на бесплатниот Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК или во најблиската полициска станица (на бројот 192). Потоа, по обезбедувањето на локацијата безбедно подигање и уништување вршат овластени пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Реклама

Инаку, познато е дека неексплодирани минофрлачки гранати од калибар 75 mm и други НУС од Првата светска војна често се пронаоѓаат на територијата на Македонија, особено во регионите каде што бил Македонскиот, односно Солунскиот фронт. Вакви заостанати неексплодирани експлозивни средства најчесто се пронаоѓаат при земјоделски работи, ископи или градби, а и при прошетки во природата на места каде што се војувало во минатото – посочуваат од ДЗС.