Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Двојни стандарди на Румен Радев: Бара права за Бугарите во Македонија, ама не ги признава Македонците во Бугарија

Двојни стандарди на Румен Радев. Бара права на Бугарите во Македонија, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојни стандарди на Румен Радев. Бара права на Бугарите во Македонија, а не им дава никакви права на Македонците во Бугарија, дури не ги ни признава дека постојат, реагираат Македонците од другата страна на источната граница. Жестоки реакции предизвика изјавата на бугарскиот претседател, дека Бугарите во Македонија немале никакви права, ниту функции во државава. Иван Сингаритски од ОМО „Илинден“- Пирин вели дека официјална Софија не ги ни перцепира Македонците кои живеат таму, а не ги почитува и меѓународните пресуди.

-Нас не не чуди што рекол претседателот на Бугарија, зошто тие тоа го зборуваат секој ден. За тоа што ние сме ги осудиле 14 пати во не било кој суд, туку во судот за правда во Стразбур. За нив тоа ништо не значи. Тие бараат права на Бугари во Македонија, а тука на нас Македонците не ни даваат никакви права. Тоа за тепање, за едно друго, тоа се чисти лаги и нашите клубови тука ги палеа, ги кршеа, но никој тоа не го кажа, изјави Сингаритски.

Вината за крајно незавидната состојба во која живеат Македонците во Бугарија, ја гледа кај македонските политичари. Вели со години никој не се заинтересирал да им помогне во заштитата на нивните права.

Реклама

-Додека нашите политичари си молчат за такви нешта кои што се вршат врз нас, тие ќе си кажуваат какви сакаат лаги. Ги советувам нашите политичари во Македонија да го следат патот на Румен Радев, како тој ги штити Бугарите таму, така да не штитат тие нас, зошто ние досега не сме добиле апсолутно никаква поддршка од било кој што биле на власт во Македонија, изјави Сингаритски.

Се надева дека со новата власт во Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, состојбите ќе се променат.

-Слушнав една изјава на Мицкоски дека веќе разбрал дека треба да има реципроцитет и им посакувам тоа да биде водилка во нивната политика кон Бугарија, изјави Сингаритски.

Доказ за односите на бугарските власти кон Македонците, покрај тоа што не ги признаваат како малцинсто е и судското решение да поништи регистрациата на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Исто така, судот во Стразбур има донесено 14 пресуди во корист на македонските здружехнија, за кои официјална Софија да отпор да бидат спроведени.

Матеја Петровски