Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Две третини од вработените земаат под просечна плата. Власта и натаму се фали, граѓаните критикуваат

Две третини од  вработените во Македонија земаат под просечна плата. Според податоците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две третини од  вработените во Македонија земаат под просечна плата. Според податоците од Управата за јавни приходи , во јануари годинава речиси 390 илјади вработени  земале под просекот за првиот месец од годинава. Според официјална статистика во Македонија во 2023 година биле вработени 688 295 лица што значи дека за 56 отсто од  вработеното население просечната плата со која власта се фали на сите страни останува само пуста желба

Управата за јавни приходи ве информира дека согласно податоците со кои располага за  месец јануари 2024 година,  од поднесени и уплатени МПИН пресметки за  389,444  вработени, им била  пресметана нето плата до 39. 542 денари , за месец февруари 2024 година, нето плата до  39. 542 денари  била  пресметана на  365,321 вработени, информираат од УЈП за Алфа

Бројките се повеќе од јасни – Со една просечна плата од скоро 40 илјади денари не можат да се задоволат ни основните потреби на едно четиричлено семејство. Минималната синдикална кошничка во март 2024 изнесува скоро 1000 евра  или со една просечна плата се полни само 67 проценти од кошничката. Што значи дека дури и двајца родители да се на  минималец нема да можат да си го прехранат семејството.  И граѓаните не се сложуваат со фалбите на власта,  велат дека во Македонија ретко кој заработува просечна плата. 

Реклама

Според последните податоци просечната плата во Македонија е за 500-тини денари помалку од декември минатата година  кога изнесувала 39.998 денари. Власта и овој пат не пропушти да се пофали дека благодарение на успешните политики платата пораснала. Статистички е така, но при фалбите не споменуваат дека во просекот влегуваат и нивните покачени плати за 78 отсто

За дванаесет месеци бележиме раст од 5.599 денари. Овој раст на просечната плата за јануари е чекор пред трошоците. Стапката на инфлација за овој месец изнесуваше 3,2%, што зборува за реален раст на платата и куповната моќ на граѓаните за 13,3%. Во нашата социјалдемократска визија на постојаниот раст на платите гледаме како на еден од основните столбови на социјалната правда во државата, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

И додека власта се фали, Македонија изминативе месеци се најде  на дното во регионот по висина на минимална плата.  Растот на минималецот од следниот месец ќе го зголеми просекот повторно, но тоа ќе биде само на хартија, оти стандардот нема да се подобри зашто голем дел од вработените живеат со минимални приходи.