Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Две посети за еден месец, три за помалку од една година – Мицкоски ќе учествува на Конференција во Вашингтон

За само еден месец дури две посети на Вашингтон, вкупно три за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само еден месец дури две посети на Вашингтон, вкупно три за помалку од една година. Честите посети на премиерот Мицкоски во САД се доказ за добрите билатералните односи помеѓу Скопје и Вашингтон, но и за блискоста на новата влада со новата администрација на претседателот Трамп. Американската амбасадорка Анџела Агелер смета дека честите патувања на Мицкоски во американската престолнина се само доказ дека двете држави можат да ја зајакнат билатерлната соработка. Дали тоа ќе помогне во деблокирање на евроинтегративниот пат Македонија, Агелер не можеше да гарантира, затоа што сепак САД не се членка на ЕУ.

  • Вашингтон не дава гаранции за вашиот пат кон Европската Унија, бидејќи ние не сме членка на Унијата. Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ, но мило ми е што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е неколку пати таму откако ја презема неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам дека таа соработка да биде зајакната“, рече Агелер.

Премиерот Мицкоски веднаш по безбедносната конференција во Минхен, замина за Вашинготон каде ќе присуствува на Конференција на конзервативна политичка акција. Настанот ќе трае од 19 до 22 февруари и е годишна политичка конференција на конзервативните активисти и функционери републиканци од САД. На веб страницата за конференцијата може да се види дека има листа на говорници меѓу кои се американскиот дипломат Ричард Гренел, кој е претставник за специјални мисии на новиот претседател, лекарот, пронаоѓач и научник Роберт Малоун, поранешниот висок советник на Доналд Трамп, Стив Бенон. Како дел од бројните говорници се најавуваат и премиерот на Словачка, поранешната премиерка на Велика Британија, поранешниот премиер на Полска, како и лидерот на десницата во Франција, која ја водеше Ле Пен.

Оваа посета на Вашингтон на Мицкоски доаѓа само еден месец по присуството на инаугурацијата на Доналд Трамп. Тогаш премиерот оствари и бројни средби, кои ги оцени како исклучително плодни со очекувања резултатите да бидат видливи интензивни и големи.