Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство. Полициски службеници од Полициска канцеларија Градско вчера во 15:35 часот во Градско го лишиле од слобода М.М.(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство.

Полициски службеници од Полициска канцеларија Градско вчера во 15:35 часот во Градско го лишиле од слобода М.М.(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 кога во домот физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 11:45 часот во ОВР Кавадарци, 25-годишна кавадарчанка пријавила дека подолг период била малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг, а последно на 14.06.2026, кога тој дошол во нејзиниот дом и по вербална расправија физички ја нападнал. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Реклама

Полициски службеници од СВР Скопје виноќа во 22:40 часот го лишиле од слобода А.Б.(56) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека подолг временски период, таа и нејзините деца, биле психички и физички малтретирани од него. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријавил дека на 18.06.2026 околу 16:30 часот, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Утринава во 06:15 часот во СВР Скопје, ПС ОН Аеродром , 37-годишна жена пријавила дека на 19.06.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 37-годишен маж. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.