Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Две години затвор за Лидија Димова – екс директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Нестручно и несовесно работела во корист на други – 2 години затвор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нестручно и несовесно работела во корист на други – 2 години затвор пресуди скопскиот кривичен суд за Лидија Димова како екс директорка на Националната агенција за европски образовни прогерами и мобилност. Ја злоупотребила службената положба и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата на институцијата со која раководеше.  

Обвиниението за Димова за кривичното дело измама не помина во судот. Не помина ниту обвинението за благајничката  Ана Павлиду.

  • Во делот на измама на штета на европски фондови не е опишан начинот на кој е извршено делото и не е јасно наведено на кој начин, дали и како биле искористени лажните податоци. Без вакви елементи недостига основ на делото измама и судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата пропуштила и дала невистините податоци и со тоа предизвикала штета на фондови на ЕУ. Судот во тој дел беше должен да донесе ослободителна пресуда, рече судијката. 

Магарињата се воскреснаа во последните две недели вели пак Димова за која оваа пресуда била полтички договор.

Реклама
  • „Постојано повторуваше судијката дека парите кои што се искористени за она што ме обвинуваат доаѓаат од оперативниот фонд на ЕУ. Значи тоа се европски пари за кои што ме ослободиле дека не сум ги злоупотребила. Меѓутоа не сум многу изненадена затоа што во последните две три недели ги воскреснаа магарињата што се третирани и мислам дека ова е уште една политичка игра со таа несреќа што во овој случај и двете страни имаат корист јас да бидам осудена,“ рече Димова.

Според Обвинителството била направена штета од околу 320 000 евра со  неправилности и злоупотреби. Биле склучувани договори со соработници, експерти и обучувачи без јавен оглас и без еднаквост и јавност во постапките, како и потпишување договори со четири фирми спротивно на водичот на Европската комисија и планот за јавни набавки, пишува во обвинителниот акт. Дел од обвинението се однесуваше  и на исплата на пари на соработник за службени патувања иако во документацијата имало лажни податоци. Пресудат не е правосилна. Одбраната има право на жалба до Апелациониот суд.